12 работи кои треба да ги знаете кога ги посетувате егзотичните земји - Part 2

12 работи кои треба да ги знаете кога ги посетувате егзотичните земји

7. Растенија

(7)12-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-patuvate-vo-egzotichnite-zemji-kafepauza.mk

Егзотичните растенија може да бидат опасни за вашето здравје. Затоа, немојте да ги допирате оние кои не ви се познати додека сте во природа.

Локации: Азија, Африка, Австралија

8. Изгореници

(8)12-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-patuvate-vo-egzotichnite-zemji-kafepauza.mk

Топлината на тропското сонце може да предизвика болни изгореници. Немојте да излегувате на отворено без крема со заштитен фактор. Исто така добро е да носите облека со долги ракави која дополнително ќе ве заштити.

Локации: Азија, Африка

9. Мајмуни

(9)12-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-patuvate-vo-egzotichnite-zemji-kafepauza.mk

Овие навидум безопасни животни кои живеат во Тајланд и околните земји може да бидат навистина агресивни, па дури и да ги нападнат луѓето кои носат храна. Кога посетувате локации со мајмуни изведете го накитот и сокријте ја вашата камера бидејќи тие нема да се двоумат дали да го украдат она што го носите.

Локации: Азија

10. Влекачи

(10)12-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-patuvate-vo-egzotichnite-zemji-kafepauza.mk

Отровните змии се многу чести во тропските земји. Повеќето од нив напаѓаат во самоодбрана, па внимавајте каде газите.

Локации: Азија, Африка, Австралија

11. Кражба

(11)12-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-patuvate-vo-egzotichnite-zemji-kafepauza.mk

Крадењето е глобален проблем. Но во Тајланд вредните работи може да ви исчезнат дури и од сеф. Препорачливо е да ги чувате вашите работи на разни места, а ако носите повеќе пари, најдобро е да ви стојат на картичка. Бидете особено внимателни кога сте на плажа или на некој пазар.

Локации: Азија, Африка

12. Сообраќај

(12)12-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-patuvate-vo-egzotichnite-zemji-kafepauza.mk

Само локалните жители може да ги разберат сообраќајните правила во некои држави. Возачите многу често комуницираат со гестови и сигнали. Па, внимавајте кога возите велосипед, мотор или кога ја преминувате улицата.

Локации: Југоисточна Азија, Индија, Египет

Доколку патувате сами, погледнете ги овие совети за безбедност за жени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар