12 примени на сода бикарбоната за кои веројатно не сте знаеле - Part 2

12 примени на сода бикарбоната за кои веројатно не сте знаеле

7. Таблети за машина за садови

12 примени на сода бикарбона за кои веројатно не сте знаеле

За домашно направени таблети за садови ќе би треба 1 лажица сода бикарбона, 60 грама сол и 40 грама цитрусна киселина. Измешајте ги состојките во голем сад, и додадете 2-3 капки средство за садови. Добро измешајте ги состојките и оставете ја смесата да отстои 1,5 до 2 часа. Кога смесата ќе престане да расте, ставете ја во калапи и оставете ја да се исуши.

8. Отстранување бели дамки од табла за пишување

12 примени на сода бикарбона за кои веројатно не сте знаеле

За да се ослободите од белите дамки на таблата за пишување, избришете ја со сунѓер потопен во сода бикарбона.

9. Отстранување пестициди од овошје и зеленчук

12 примени на сода бикарбона за кои веројатно не сте знаеле

За да ги отстраните пестицидите и восокот од овошјето и зеленчукот, ставете ги во раствор од топла вода и сода бикарбона околу 15-20 минути.

10. Омекнување на материјал

12 примени на сода бикарбона за кои веројатно не сте знаеле

Вашата облека ќе стане помека доколку ја накиснете во раствор од сода бикарбона, 24 часа пред перење. Потребни ви се 1-1,5 лажица сода бикарбона за 5 литри вода. Ќе забележите дека облеката ќе биде почиста бидејќи сода бикарбоната го засилува ефектот на детергентот.

11. Избелување на ѓонови

12 примени на сода бикарбона за кои веројатно не сте знаеле

Измешајте 2 лажици сода бикарбона, 1 лажица хидроген пероксид и 1 лажица вода. Нежно нанесете ја мешавината на ѓоновите со четка за заби и исчистете ги.

12. Релаксирачка купка

12 примени на сода бикарбона за кои веројатно не сте знаеле

Купката со сода бикарбона може да ја намали болката во мускулите после вежбање. Истурете 1/2 пакетче сода бикарбона во зовриена вода и почекајте да се раствори. Потоа ставете го растворот во вашата када. Доволни се 20 минути за да се релаксирате и да ја омекнете кожата.

Погледнете и зошто е добро да додадете малку сода бикарбона во вашето кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар