12 погрешни верувања за богатите луѓе - Part 2

12 погрешни верувања за богатите луѓе

7. Сите богати луѓе дипломирале на престижни факултети

12 погрешни верувања за богатите луѓе

Според едно истражување мнозинството богати луѓе се со универзитетска диплома и многумина дипломирале на познати и престижни факултети. Сепак елитното образование е навистина важно во САД, а постојат луѓе кои воопшто не дипломирале. Бил Гејтс е еден од најпознатите примери. Доброто образование е важно, но не значи дека ќе го одреди вашето богатство.

8. Милионерите се преселуваат за да избегнат високи даноци

12 погрешни верувања за богатите луѓе

Бидејќи правилата за данок се различни во разни држави, преселбата на милионерите не е изненадувачка. Но неодамнешно истражување покажало дека милионерите поретко се преселуваат за разлика од остатокот од населението. Иако се земени предвид намалување на даноците кога се селат, малкумина го прават тоа за да ги избегнат даноците.

9. Богатите се помалку дарежливи

12 погрешни верувања за богатите луѓе

Некои истражувања покажале дека сиромашните домаќинства донираат поголем дел од приходот во добротворни цели за разлика од богатите, а други покажуваат дека колку повеќе пари имаат луѓето толку повеќе донираат. Изгледа дека покрај богатството, важна улога имаат и други фактори. Најверојатно богатите и сиромашните реагираат различно на кампањите за донирање.

10. Парите не купуваат среќа

12 погрешни верувања за богатите луѓе

Истражување спроведено од страна на Економскиот факултет на Харвард во кое учествувале 4.000 милионери покажало дека парите се важни кога е во прашање среќата. Дури и помеѓу милионерите, оние кои имале над 10 милиони евра богатство биле посреќни од оние кои имале богатство од 1 милион. Интересно е тоа што оние коишто сами ги заработиле парите биле посреќни за разлика од оние кои ги наследиле или ги добиле по склучување брак.

11. Богатите се екстравагантни

12 погрешни верувања за богатите луѓе

Истражување покажало дека богатите не се толку големи трошачи колку што мислиме. 92% од богатите кои учествувале во истражувањето изјавиле дека никогаш не биле на одмор со јахта, а 87% изјавиле дека никогаш не купиле нов луксузен автомобил. 30% изјавиле дека собираат купони за попусти.

12. Невозможно е да станете богати

12 погрешни верувања за богатите луѓе

Најпознатото верување е дека е невозможно да станете богати ако не потекнувате од богато семејство. Но постојат многу примери за милионери кои самите ги заработиле своите пари. Немојте да се откажувате!

Погледнете и кои се клучните разлики помеѓу богатите луѓе и средната класа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар