12 неверојатни предвидувања од книги кои се исполниле - Part 2

12 неверојатни предвидувања од книги кои се исполниле

7. Воден кревет

(7)12-neverojatni-predviduvanja-od-knigi-koi-se-ispolnile-kafepauza.mk

Роберт Хајнлајн не само што ја предвидел Студената војна, туку ги измислил и водените кревети. Во неговата новела „Странец во чудна земја“ (Stranger in a Strange Land) напишана во 1961 година, имало толку детален опис за овој кревет што на вистинскиот креатор не му претставувало никаков проблем да го направи и во реалноста.

8. Кредитни картички

(8)12-neverojatni-predviduvanja-od-knigi-koi-se-ispolnile-kafepauza.mk

Во новелата „Гледајќи назад“ (Looking Backwards) издадена во 1888 година, Едвард Белами точно ја предвидел употребата на кредитни картички. Тие не се појавиле на пазарот сè до 1950-тите. Главниот лик, Џулијан Вест, заспива во 1887 година и се буди во утописко општество во 2000-та година. Во ова ново општество секој има исто количество кредит поддржан од владата кој може да се користи за купување разни нешта.

9. Две месечини на Марс

(9)12-neverojatni-predviduvanja-od-knigi-koi-se-ispolnile-kafepauza.mk

Во познатиот роман „Гуливеровите патувања“ (Gulliver’s Travels) издадена во 1726 година, Џонатан Свифт тврдел дека Марс има 2 месечини. Биле потребни 151 година за да се откријат. Кога главниот лик ја посетува измислената земја Лилипут, од тамошните научници дознава дека Марс всушност има 2 месечини.

10. Слушалки

(10)12-neverojatni-predviduvanja-od-knigi-koi-se-ispolnile-kafepauza.mk

Реј Бредбери ги опишал слушалките во неговиот роман „Фаренхајт 451“ (Fahrenheit 451), издаден во 1953 година. Луѓето во општеството на книгата редовно користат „школки“ кои многу наликуваат на денешните слушалки.

11. Интернет

(11)12-neverojatni-predviduvanja-od-knigi-koi-se-ispolnile-kafepauza.mk

Во 1898 година, Марк Твен ја напишал кратката приказна „Од Лондон Тајмс од 1904“ (From the London Times of 1904) која била сместена 6 години во иднината. Приказната е за криминална мистерија – креаторот на нова и ветувачка направа наречена телелектроскоп е убиен. Оваа нова направа е опишана како телефон кој нема далечинско ограничување и кој создава мрежа низ целиот свет, притоа правејќи ги информациите достапни за сите. А ова навистина звучи како денешниот Интернет.

12. Антидепресиви

(12)12-neverojatni-predviduvanja-od-knigi-koi-se-ispolnile-kafepauza.mk

Книгата на Олдос Хаксли „Храбар нов свет“ (А Brave New World) претставува мрачен поглед кон општеството кое е психолошки манипулирано. Граѓаните се зависни од лекови кои го подобруваат расположението и кои биле создадени да индуцираат стабилност, а да ги намалат тажните и анксиозни мисли. Новелата е напишана 2 децении пред првите експерименти со антидепресиви, а Хаксли успешно ја предвидел нивната популарност.

Погледнете и кои се денешните најпопуларни предвидувања за иднината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар