12 нешта што не би требало да ги фрлате во тоалетната школка
7. Измет од мачка
Канализацијата е направена за да ни помогне да се ослободиме од изметот, а овде спаѓа и изметот на мачките. Но, доколку го фрлате песокот на мачката, тој ќе се стврдне и ќе се заглави некаде во цевката. Не заборавајте дека изметот на мачката се фрла со останатото ѓубре.
8. Избелувач
Детергентите на база на хлор се многу агресивни. Всушност, тие можат навистина да ги оштетат цевките доколку ги користите пречесто. Нема потреба да ја чистите тоалетната школка секој ден користејќи вакви средства. Наместо тоа можете да користите оцет.
9. Маски за лице
Маските за лице со глина не би требало да ги фрлате во канализацијата. Ситните честички со текот на времето ќе се насоберат и ќе ја затнат цевката. Горниот дел од маската отстранете го со крпа, а остатокот исплакнете го со вода.
10. Ливчиња чај
И покрај тоа што ливчињата чај изгледаат навистина безопасно, всушност не се. Со текот на времето ливчињата се насобираат во цевките и се навистина тешки за отстранување.
11. Пластични кеси
Дури и најситните парчиња од пластичната кеса можат да бидат опасни. Можат да ги затнат цевките и се разбира, штетни се за околината.
12. Продукти на кои пишува дека смеете да ги фрлате во канализација
Понекогаш ова е само маркетиншки трик. Всушност, тоалетната хартија која наводно се раствора во вода се раствора по неколку часа, а тоа е сосема доволно за да се затне некоја цевка. За да откриете дали хартијата ќе се раствори, ставете ја во чаша ладна вода. Ако забележите големи парчиња по 5-10 минути, тоа значи дека не би требало да ја фрлате во тоалетната школка. Ако парчињата се речиси невидливи, можете да му верувате на производителот.
Прочитајте ги и овие факти коишто ќе ве натераат да размислите за вашиот отпад.