12 интересни факти за кои немаат слушнато ни наставниците - Part 2

12 интересни факти за кои немаат слушнато ни наставниците

7. Постои болест наречена „Алиса во земјата на чудата“

12 интересни факти за кои немаат слушнато ни наставниците

Синдромот „Алиса во земјата на чудата“ е ретко невролошко нарушување кое се карактеризира со искривена перцепција за светот – личностите кои страдаат од ова нарушување ги гледаат големите предмети како мали, додека малите како огромни. Болеста била забележана и класифицирана како посебна во 1955-та година.

8. Чоколадото нè прави попаметни

12 интересни факти за кои немаат слушнато ни наставниците

Доктор Франц Месерли спровел истражување и открил дека консумирањето чоколадо може да ги подобри менталните способности на една личност. Иако признал дека експериментот го направил од забава, сепак успеал да најде директна врска помеѓу количеството чоколадо кое е консумирано во разни држави и бројот на добитници на Нобелова награда од тие држави.

9. Медицинските работници во Велика Британија не смеат да носат прстени на работа

12 интересни факти за кои немаат слушнато ни наставниците

Рацете на лекарите и медицинските сестри би требало постојно да бидат подготвени за работа. Кога треба да се реагира итно, прстенот може да биде тежок за вадење, или пак може да биде загадено местото под него. Единствениот исклучок за оваа забрана се религиозните декорации.

10. Не можат да се венчаваат само луѓето

12 интересни факти за кои немаат слушнато ни наставниците

Ерика Ајфел е сопруга на Ајфеловата кула. Во 2007-ма година таа официјално се регистрирала со познатата знаменитост во Париз.

11. Според структурата, печурките се повеќе како животни отколку растенија

12 интересни факти за кои немаат слушнато ни наставниците

Сигурно се сеќавате дека габите се посебно кралство во светот на растенијата. Но молекуларните истражувања покажале дека иако печурките се класифицирани одделно од животните, нивната клеточна структура е поблизу до кралството на животните отколку на растенијата.

12. Мамутите биле сè уште живи додека се граделе пирамидите

12 интересни факти за кои немаат слушнато ни наставниците

Иако се смета дека мамутите изумреле во плеистоценот, сепак неколку успеале да преживеат на изолираниот остров Врангел. Живееле таму пред околу 4.000 години, односно неколку векови по изградбата на Големата пирамида во Гиза.

Прочитајте ги и овие интересни психолошки факти кои сигурно ќе ве замислат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар