12 факти кои докажуваат дека светот е полн со изненадувања - Part 2

12 факти кои докажуваат дека светот е полн со изненадувања

7. Откриена е џиновска планета

(712-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mk

Научниците ја откриле најголемата планета досега. Овој гасовит џин наречен NGTS-1b го негира постоењето на теоријата за планетарна формација. Според оваа теорија, планетата воопшто не треба да постои. Научниците се навистина збунети бидејќи изгледа дека универзумот има уште многу изненадувања за нас.

8. Одело отпорно на експлозија

(8)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mk

Руските научници направиле вистински одело на супер-херој. Со ова одело можете да поминете низ минско поле без никаков страв. Нема да верувате, но тестирањето на оделото го направило мало девојче.

9. Човечката плунка може да лекува рани

(9)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mk

Научници од Чиле докажале дека пептид хистатин-1, кој се наоѓа во човечката плунка, им помага на раните да заздрават побрзо. Веројатно оваа супстанца ќе се користи во медицината наскоро.

10. Пронајдена е тајната за вечна младост

(10)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mk

Научници од колеџот за медицина Алберт Ајнштајн во Њујорк откриле нешто револуционерно. Во процесот на стареење, лабораториските глувци развиле нова формација во хипоталамусот. Кога ја отстраниле оваа нова формација, процесот на стареење забавил. Ако се земе предвид овој факт, научниците сфатиле дека за да се забави стареењето нема потреба од обновување на матичните клетки во целото тело, доволно е да се обноват само во хипоталамусот.

11. Растенијата имаат чувства

(11)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mk

Европските научници тврдат дека дрвјата можат да чувствуваат и да се плашат од животинска плунка. Тие покажуваат отпор и произведуваат танини за да ги избркаат животните. Производството на хормони за растење се активира подоцна со цел да се надомести за штетата.

12. Доминантна мозочна хемисфера

(12)12-fakti-koi-pokazhuvaat-deka-svetot-e-poln-so-iznenaduvanja-kafepauza.mk

Овој тест може да ви помогне да откриете која хемисфера на вашиот мозок е доминантна. Ставете ги рацете заедно и погледнете го прстот кој е горе. Десниот прст значи дека доминантна е десната хемисфера, и обратно. Ова нема врска со која рака пишувате. Десната хемисфера е одговорна за емоциите, интуицијата, соништата и имагинацијата. Левата е одговорна за аналитичко и логичко размислување, помнење факти, имиња и дати. Но, 1% од луѓето ги поставуваат своите прсти паралелно. Овие луѓе немаат доминантна хемисфера, односно двете се подеднакво развиени. Овие луѓе исто така лесно може да ги користат и левата и десната рака, брзо ја согледуваат ситуацијата и брзо донесуваат одлуки.

Погледнете ги и најшокантните откритија од изминатава година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар