12 бизарни одбрани за убиство кои биле прифатени - Part 2

12 бизарни одбрани за убиство кои биле прифатени

7. Изјавата на Џони Кохрејн

12 бизарни одбрани за убиство кои биле прифатени

О. Џ. Симпсон бил обвинет за убиството на неговата поранешна сопруга Никол Браун и нејзиниот пријател Роналд Голдман во 1994-та година. По долго јавно судење, адвокатот Џони Кохрејн му рекол на неговиот клиент да проба крвава ракавица која била пронајдена на местото на злосторството. Кога ракавицата не му била точна, Кохрејн изјавил: Ако не е точна, мора да го ослободиш. Симпсон бил ослободен.

8. Тојотата на Коуа Фонг Ли убила 3 луѓе

12 бизарни одбрани за убиство кои биле прифатени

Коуа бил обвинет бидејќи згазил тројца луѓе и добил казна затвор од 8 години. За време на судењето тој тврдел дека автомобилот излегол од негова контрола и покрај тоа што се обидувал да закочи. Тој не бил пијан и во автомобилот се наоѓале неговата сопруга и децата и сите изјавиле дека кочниците не работеле. По судењето многу корисници на Тојота се пожалиле за сличен проблем. Ова било доволно за да го ослободат Коуа.

9. Даниел Сикелс тврдел дека полудел од љубомора

12 бизарни одбрани за убиство кои биле прифатени

Даниел Сикелс бил изневерен од неговата сопруга. Тој одлучил дека љубовникот на сопругата мора да умре, па излегол на улица и го застрелал. Неговата одбрана не сакала да тврди дека тој е луд, туку дека имал моментално лудило, првата одбрана од овој вид. Откако весниците ја прославиле приказната, Даниел бил прогласен за херој и заштитник на невиноста на жените и бил пуштен на слобода.

10. Итан Кауч бил жртва на неговото богатство

12 бизарни одбрани за убиство кои биле прифатени

Итан убил 4-ца луѓе кога се одлучил да пие и да вози. Случајот изгледал лесен за решавање, но одбраната не се согласувала. Тие тврделе дека клиентот бил толку заштитен од богатството на семејството што не разликувал правилно од погрешно, па дури и дека самиот Итан бил жртва. Судиите се согласиле и Итан добил 10 години условна казна.

11. Тонда Лин Ансли мислела дека живее во матрицата

12 бизарни одбрани за убиство кои биле прифатени

Во 2002-ра година, Ронда била уапсена откако ја убила нејзината газдарица. Кога полицијата ја прашала зошто го направила тоа, Тонда изјавила дека убивал многу луѓе во матрицата. Излегло дека Тонда верувала дека филмот „Матрикс“ (The Matrix) е реален и дека таа живее во него. Била ослободена поради лудило.

12. Крвавите чевли на Хуан Ривера како доказ за местење

12 бизарни одбрани за убиство кои биле прифатени

Хуан Ривера бил апсен 3 пати за силувањето и убиството на 11-годишниот Холи Стакер. И покрај тоа што немало ДНК на местото на злосторството и пронајдената сперма не била негова, тој добил доживотен затвор, три пати. По третото обвинување судот бил толку убеден во неговата невиност што го спречиле обвинителството повторно да му суди. Чевлите што биле користени како доказ содржеле крв и сперма. Единствениот проблем е што тие чевли не биле достапни за продажба сè до денот на убиството. Ова докажало дека доказите биле подметнати, а Ривера добил 20 милиони како надомест.

Дознајте нешто повеќе за овие застрашувачки и помалку познати сериски убијци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар