11-те најскапи предмети кои биле украдени - Part 2

11-те најскапи предмети кои биле украдени

7. Ѕвоно од 1.400 килограми

11-те најскапи предмети кои биле украдени

Во 2005-та година било украдено виетнамско бакарно ѕвоно од будистички храм во Вашингтон. Криминалците го украле додека свештениците биле во длабока медитација. Полицијата верува дека крадците користеле вилушкар. Ѕвоното било пронајдено 3 години подоцна кога криминалците се обидувале да го продадат.

8. Седум јајца Фаберже

(8)11-te-najskapi-predmeti-koi-bile-ukradeni-kafepauza.mk

Семејството Фаберже создало 50 јајца со скапоцени камења за руското кралско семејство од 1885-та до 1917-та година. Тие биле изгубени и денес има само 7. Секое од нив вреди повеќе од 1 милион евра и тие се едни од најскапите нешта кои се украдени.

9. Салиера

(9)11-te-najskapi-predmeti-koi-bile-ukradeni-kafepauza.mk

Салиера е златна скулптура направена во 15-ти век од страна на уметникот Бенвентуно Селини за кралот Франсис Први од Франција. Не само што фигурата е прекрасна, туку е и практична – направена е како сад за сол и бибер. Скулптурата која вреди околу 56 милиони евра била украдена од музеј во Виена во 2003-та година. Крадецот ја чувал фигурата неколку години пред да биде фатен од полицијата.

10. Концерт

(10)11-te-najskapi-predmeti-koi-bile-ukradeni-kafepauza.mk

Оваа неверојатно позната слика од уметникот Јоханес Вермер била украдена од музејот Изабела Стјуард Гарднер во 1990-та. Истовремено биле украдени и 11 други слики, но Концерт била најскапа со вредност од речиси 200 милиони евра.

11. Килибарна соба

(11)11-te-najskapi-predmeti-koi-bile-ukradeni-kafepauza.mk

Многумина сметаат дека Килибарната соба е осмото светско чудо. Изградена е во раниот 18-ти век за Фредерик, кралот на Прусија. Златната соба била украдена од нацистите во 1941-та година и префрлена во денешен Калининград, Русија. Наводно собата била уништена со замокот во 1945-та година, но некои експерти веруваат дека е зачувана и дека можеби е скриена негде.

Погледнете и кои се најбараните украдени уметнички дела.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар