11-те најопасни туристички дестинации - Part 2

11-те најопасни туристички дестинации

6. Националниот парк Мадиди, Боливија

(7)11-najopasni-turistichki-destinacii-kafepauza.mk

На прв поглед, ова место изгледа многу живописно, но всушност е многу опасно. Овој парк е дом на најотровнита и најагресивната флора во светот: каков било контакт со растенијата кои растат овде може да предизвика чешање, алергии и вртоглавица. Секоја расекотина или и најмала рана може да се инфицира со тропски паразити.

7. Долина на смртта, Камчатка, Русија

(8)11-najopasni-turistichki-destinacii-kafepauza.mk

Полуостровот Камчатка, во истокот на Русија, исто така има своја Долина на смртта. Лоцирана е во близина на познатата Долина на гејзерите. Високата концентрација на гасови пронајдени во оваа област претставуваат сериозна закана за секое живо суштество: животните и растенијата брзо умираат, додека луѓето почнуваат да се чувствуваат лошо, да добиваат треска и вртоглавица.

8. Атолот Бикини, Маршалски Острови

(9)11-najopasni-turistichki-destinacii-kafepauza.mk

Изгубен негде во океанот, овој остров личи на рај. Но атолот Бикини всушност било место каде што имало бројни нуклеарни тестирања што го претвориле островот во радиоактивен отпад. Населението било присилено да ги напушти своите домови, и дури и денес островот е отровен за живите организми: абнормално високото ниво радијација може да предизвика рак.

9. Кралство на слоновите во Чонбури, Тајланд

(10)11-najopasni-turistichki-destinacii-kafepauza.mk

Во Кралството на слоновите, Тајланд, на фарма за крокодили, сопственикот пушта мали полу-затворени сплавови за туристите да ги посетат, да ги видат и да ги нахранат крокодилите. Сплавот е тенок и дрвен и урамнотежен на пластични буриња и има мрежа околу половина сплав. На луѓето им се даваат трски и парчиња месо кои им ги подаваат на крокодилите.

10. Вдлабнатината Афар, Етиопија

(11)11-najopasni-turistichki-destinacii-kafepauza.mk

Вулканот Ерта Але, во регионот Афар, Етиопија, е еден од најопасните вулкани на планетата. Мали земјотреси постојано го погодуваат овој реон формирајќи бројни длабоки бездни. Ова се случува бидејќи Ерта Але има две езера со лава во својот кратер. Количината на лавата постојано се менува, па предизвикува тресење на површината на земјата.

11. Езерото Натрон, Танзанија

(12)11-najopasni-turistichki-destinacii-kafepauza.mk

Можеби изгледа како вонземски пејзаж, но оваа фотографија е езерото Натрон. Алкалната солена кора на површината на езерото е толку опасна што сите живи суштества умираат веднаш штом ќе стапат во контакт со неа. Од очигледни причини, пливањето во ова езеро е строго забрането, а силниот мирис на водород сулфид кој се шири од езерото нема да ви дозволи долго да се воодушевувате на неговата убавина.

Погледнете ги и 6-те најромантични дестинации ширум светот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар