11-те карактеристики на совршениот маж од научна гледна точка - Part 2

11-те карактеристики на совршениот маж од научна гледна точка

7. Домашни миленичиња

(7)11-te-karakteristiki-na-sovrsheniot-mazh-od-nauchna-gledna-tochka-kafepauza.mk

Кога жена гледа маж со милениче, многу често си помислува дека штом може да се грижи за него, може да се грижи за неа и за деца. Токму поради ова мажите со миленичиња се многу попривлечни за жените. А може и чувањето милениче да укажува на тоа дека мажот е добра личност.

8. Црвена облека

(8)11-te-karakteristiki-na-sovrsheniot-mazh-od-nauchna-gledna-tochka-kafepauza.mk

Можеби имате слушнато за ова. Научниците докажале дека мажите со црвена облека им се попривлечни на жените. Важи и спротивното. Жените имаат поголеми шанси да освојат некој ако носат црвено.

9. Свирење музички инструмент

(9)11-te-karakteristiki-na-sovrsheniot-mazh-od-nauchna-gledna-tochka-kafepauza.mk

За ова бил направен експеримент. Еден ист маж барал броеви од разни жени. Понекогаш не носел ништо, некогаш носел гитара, а некогаш носел ранец за во теретана. 35% од жените му го дале бројот кога носел гитара. 14% го дале својот број кога не носел ништо. Само 9% од жените му го дале бројот кога носел ранец за во теретана.

10. Телесен мирис по јадење лук

(10)11-te-karakteristiki-na-sovrsheniot-mazh-od-nauchna-gledna-tochka-kafepauza.mk

Тешко е за верување, но постојат неколку факти. Во едно истражување мажите биле поделени во 2 групи. Првата група јадела леб и сирење, а втората јадела леб, сирење и 12 грама лук. Потоа мажите биле замолени да држат памук под нивните пазуви и цел ден да не користат антиперспирант. Жените заклучиле дека памукот на мажите кои јаделе лук мирисал подобро.

11. Смисла за хумор

(11)11-te-karakteristiki-na-sovrsheniot-mazh-od-nauchna-gledna-tochka-kafepauza.mk

Во еден бар имало неколку момци (актери) и обична девојка која седела на маса. Еден од момците кажувал шега, а потоа отишол кај девојката и ѝ го побарал бројот. Потоа чекале да дојде друга девојка. Еден од момците повторно кажал шега, но овој пат друг отишол да го побара бројот. Ова било повторено 60 пати. На крај се покажало дека момчето кое ги кажувало шегите било поуспешно во собирањето броеви. Девојките го давале својот број бидејќи момчето им изгледало атрактивно, па дури и интелигентно.

Бонус: Како изгледа совршениот маж од научна гледна точка?

(12)11-te-karakteristiki-na-sovrsheniot-mazh-od-nauchna-gledna-tochka-kafepauza.mk

Пред неколку години, научниците откриле дека совршениот маж би го имал носот на Бред Пит, очите на Бредли Купер и фризурата на Џорџ Клуни. На фотографијата ги гледаме тие карактеристики споени на едно лице.

Дознајте и кои се мажите со најубавото лице на светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар