11 секојдневни навики кои се многу одвратни иако не сте ни свесни за тоа
6. Насекаде ги носите слушалките
Вашите уши се полни со восок, бактерии и изумрени кожни клетки. Секогаш кога ги користите слушалките, тие закачуваат некои од овие работи. Но, тоа не е најлошиот дел! Ги ставате слушалките во чанта, во џеб, во ранец и на тој начин собирате уште повеќе бактерии кои одат во вашите уши секогаш кога повторно ќе си ги ставите слушалките. Освен тоа, кога слушалките ви се во уши, тие создаваат топла и влажна средина, погодна за развој на бактерии. Некои истражувања покажале дека ако не внимавате, слушалките можат да ви донесат 11 пати повеќе бактерии во ушите!
7. Ги триете очите
Ако постојано сте ги триеле очите како деца и мајка ви ве карала и ви велела да престанете, треба да знаете дека таа била во право! Во истиот момент кога рацете ќе дојдат во контакт со вашите очите, вие пренесувате најразлични опасни вируси и бактерии. Тоа може да доведе до неподносливо чешање и сериозни инфекции. Едноставно немојте да ги допирате очите.
8. Заборавате да ја избришете простирката за јога
Јогата е одлична за умот, телото и душата, но вашата простирка за јога е сосема друга приказна. Стрептокока, стафилокока и габични бактерии… Сите тие можат да се вселат на вашата простирка, ако не ја чистите редовно. Можете да користите антибактериски марамчиња, па дури и прашок за перење алишта.
9. Му дозволувате на вашето куче да ви ги лиже рацете и потоа не ги миете
Доколку чувате ваков домашен миленик, сигурно ви се смачило постојано да миете раце по секое лижење, па со текот на времето сте престанале. Но, еве зошто мора да го правите тоа: Заборавете на податокот дека устата на кучињата е почиста од устата на луѓето, бидејќи кучињата можат да пренесат многу различни опасни бактерии, како што е МРСА. Уживајте во љубовта на вашиот домашен миленик, но редовно мијте ги рацете!
10. Ја занемарувате вашата чанта или ранец
Можеби досега не сте помислиле дека вашата чанта е носител на голем број бактерии, но ова има логика со оглед на фактот што насекаде ја носите. Едно истражување открило траги од ешерихија коли на 25% од тестираните чанти. Друго истражување докажало дека нашите чанти се исто толку валкани колку и тоалетните шолји.
11. Кашлате и кивате во дланка или воопшто не ја покривате устата
Науката открила дека кога кашламе и киваме, честичките што ги ослободуваме патуваат многу подалеку одошто мислиме. Ако не ја покриете устата, тогаш сите тие одвратни работи ќе им се пренесат на луѓето и предметите околу вас. Ако ја покриете устата со дланка, барем ќе го сопрете ширењето на облакот од бактерии, но тоа не е добро за вас доколку не можете веднаш да си ги измиете раце. Наместо тоа, кашлајте и кивајте во горниот дел од раката.
Сега кога сте свесни за тоа колку бактерии внесувате во организмот благодарение на овие одвратни навики, можеби ќе бидете повнимателни во иднина и ќе се обидете да се ослободите од нив.
Во продолжение дознајте и што се крие зад лошите навики на мажите.