11 обични нешта кои можат да ви го уништат одморот во странство
6. Колумбија: Немојте да користите Убер
Во Колумбија е забрането да користите услуги од неофицијални такси возачи, вклучувајќи ги и оние од апликацијата Убер. За да ги натерате луѓето да веруваат дека не се возите во неофицијално такси, секогаш седете напред до возачот. Ако седите на задното седиште, речиси сигурно ќе бидете застанати од полиција. Вие ќе платите казна од 32 евра, но возачот може да го изгуби автомобилот.
7. Канада: Не смеете да свирите
Можете да заработите казна од 158 евра ако свирите во Петролија, Онтарио. На овој начин жителите се заштитуваат од лоша врева.
8. Италија: Забрана за песочни замоци
Градоначалникот на Ераклеа, град во близина на Венеција, забранил градење песочни замоци и играње со топка за сите да можат да уживаат во сончањето и звукот на морето.
9. Саудиска Арабија: Не оставајте ги мажите без надзор
Во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, мажите постари од 16 години не смеат да посетуваат големи супермаркети. Ова е со цел да се заштити моралната вредност на жените.
10. Обединети Арапски Емирати: Забрана за селфи фотографии
Во муслиманските држави има многу строги забрани. Секогаш е забрането да ги фотографирате локалните жители. На некои плажи во Дубаи, не смеете ни да се фотографирате самите или некои од вашите роднини.
11. Кенија: Забрана за пластични кеси
Во Кенија е забранета употребата на пластичните кеси. Ако пронајдат колку било кеси кај вас, највисоката казна може да биде дури 30.000 евра.
Доколку сакаде да одите некаде викендов, но не знаете каде, погледнете кои се најевтините дестинации во Европа за викенд патување.