11 неверојатни факти за животинскиот свет
6. Мачките ги гледаат луѓето како многу големи мачки
Дали го гледате вашето маче како дел од семејството? А како ве гледа тоа? Англискиот биолог Џон Бредшо го истражувал однесувањето на мачките многу години. Тој дошол до заклучок дека нашите миленичиња нè гледаат како огромни и безопасни мачки.
7. Годишната преселба на ракови може да се види од вселената
Во ноември или декември, на Божиќниот Остров во Австралија, може да се види нешто неверојатно. Речиси 120 милиони ракови мигрираат од тропската шума до брегот на Индискиот Океан за размножување. Изгледа како огромен црвен тепих. Тие почнуваат со движење со првиот дожд кој ги одржува во живот и ги штити од дехидратација. На локацијата пристигнуваат по 18 дена. Локалните жители се обидуваат да им помогнат што е можно повеќе – ги блокираат патиштата и градат посебни мостови за раковите. Овој процес ги фасцинира фотографите и истражувачите од целиот свет.
8. Кравите се спријателуваат и имаат најдобри пријатели
Вистинските пријателства постојат и во животинскиот свет, а кравите се одличен пример за тоа. Научниците заклучиле дека кравите се приврзуваат за нивните пријатели од детството и се под стрес кога се разделени.
9. Некои цветови можат да топат снег со генерирање топлина
Еден вид цвет познат како Symplocarpus foetidus може да ја менува својата температура и да ја одржува од 15 до 35 степени. Оваа способност е наречена термогенеза. Растението може да го топи снегот околу него и на тој начин застанува во прв ред за раното пролетно оплодување.
10. Вид змија што знае да глуми
Змијата позната како Heterodon nasicus е неотровна змија што живее во Америка. Една интересна особина на овие змии се нивните изрази на лицето кои често изгледаат како насмевка. Ако почувствува опасност, змијата легнува на грб, го исплазува јазикот, а може да почне и да лачи непријатна миризба за да ве убеди дека е мртва. Ако ја превртите на стомак, таа повторно ќе легне на грб за да ве увери дека е мртва.
11. Полжавите несат јајца, но се хермафродити
Повеќето видови полжави се хермафродити. Но, треба да се парат кога доаѓа време за размножување. И двата пола се оплодуваат и имаат можност да несат јајца. Некои полжави се женки во една сезона, а мажјаци во наредната.
Знаете ли кои се најстарите животни кои уште се живи?