11 неверојатни факти за Млечниот пат
6. Околу Млечниот пат орбитираат мали галаксии кои понекогаш се судираат
Португалскиот истражувач Фердинанд Магелан пловел низ јужната хемисфера во 16-тиот век кога забележал кружно јато ѕвезди на ноќното небо. Тој и неговиот екипаж се помеѓу првите Европејци кои забележале нешто вакво. Овие јата обично се мали галаксии кои орбитираат околу нашата и се наречени Големи и Мали магелански облаци. Понекогаш тие се „изедени“ од нашата масивна галаксија.
7. Млечниот пат е полн со токсична маст
Низ празниот простор помеѓу ѕвездите во нашата галаксија има многу валкана маст. Овие масни органски молекули се произведени од одредени видови ѕвезди и подоцна се исфрлени во вселената. Неодамнешно истражување покажало дека оваа супстанца зафаќа од четвртина до половина од меѓуѕвездениот јаглерод. Овие вести се добри бидејќи маста содржи јаглерод, основната градежна единка на живите нешта. Ова покажува дека во нашата галаксија можеби има живот и на друго место освен на Земјата.
8. Млечниот пат ќе се судри со нејзиниот сосед за 4 милијарди години
За жал нашата галаксија нема засекогаш да биде овде. Астрономите знаат дека таа се движи кон нејзиниот сосед, галаксијата Андромеда, со брзина од 400.000 километри на час. Кога галаксиите ќе се „судрат“, Андромеда ќе ја проголта нашата галаксија бидејќи е помасивна.
9. Ѕвездите од нашите галактички соседи се движат кон Млечниот пат
Научниците неодамна бараа ѕвезди кои се исфрлаат од Млечниот пат со огромна брзина по интеракција со црната дупка во центарот на галаксијата. Тие откриле дека повеќето од овие ѕвезди всушност се движат кон галаксијата. Голема е веројатноста дека овие ѕвезди доаѓаат од други галаксии.
10. Мистериозни меури излегуваат од Млечниот пат
Замислете си дека во вашата дневна соба што ја имате видено илјадници пати, има слон кој претходно не сте го забележале. Токму ова им се случило на научниците во 2010-та година кога забележале огромни структури кои се протегале 25.000 светлосни години над и под галаксијата. Овие објекти кои емитуваат гама зраци сè уште претставуваат мистерија за астрономите. Минатата година научниците собрале докази кои покажуваат дека овие меури веројатно се последица од енергетски настан од пред 6 до 9 милиони години кога супермасивната црна дупка во центарот проголтала големо количество гас.
11. Нашата галаксија е бомбардирана со бизарни енергетски пулсови од другиот крај на вселената
Изминатава деценија астрономите редовно забележувале зраци светлина кои доаѓаат од далечниот космос. За овие мистериозни сигнали и денес нема објаснување. И покрај тоа што за нив знаеме веќе 10 години, истражувачите успеале да „фатат“ само 10 вакви зраци. Но неодамнешно истражување успеало да фати уште 20 од нив. Иако не се знае нивното потекло, научниците успеале да откријат дека светлината патувала неколку милијарди светлосни години низ гас и прашина.
Погледнете и кои се најбизарните работи во вселената што не можат да бидат објаснети.