11 навики со кои несвесно го нервирате вашето куче - Part 2

11 навики со кои несвесно го нервирате вашето куче

6. Држење во тесен поводник

11 навики со кои несвесно го нервирате вашето куче

Кучињата многу добро умеат да ги интерпретираат вашите мисли и чувства преку поводникот. Така, доколку ги држите силно, тоа им покажува дека сте под стрес, па и ним исто така им е непријатно. Доколку пак поводникот го држите полабаво, тогаш тоа им покажува дека сѐ е во ред и дека и тие може исто така да се смират.

7. Не им дозволувате да истражуваат и да душкаат

11 навики со кои несвесно го нервирате вашето куче

Истражувањето на околината и душкањето е карактеристично за кучињата. Доколку не им дозволите да го прават она што го сакаат додека се во прошетка, кучето пропушта голема шанса да го апсорбира она што се наоѓа во надворешниот свет.

8. Принудување да комуницираат со луѓе и животни кои не им се допаѓаат

11 навики со кои несвесно го нервирате вашето куче

Доколку го принудувате вашето куче да се соочи со својот страв и да оствари контакт со други кучиња и непознати, во моменти кога тоа е нервозно или исплашено, тогаш нема да добиете ништо позитивно.

9. Кога сте напнати

11 навики со кои несвесно го нервирате вашето куче

Кучињата се експерти за читање на вашиот говор на телото, а и лесно имитираат како вие се чувствувате. Колку повеќе сте нервозни, толку понервозно станува и вашето куче. Ако сакате да се смири вашиот миленик, најпрво треба да започнете од самите себе.

10. Кога им е досадно

11 навики со кои несвесно го нервирате вашето куче

Сопственикот кој постојано е зафатен со најразлични обврски и покажува мал интерес, е кошмар за секој миленик. Па, обидете се да одвоите малку повеќе време за да играте со вашиот верен пријател, а не да го оставате да чека во вашиот дом.

11. Изложување на силни мириси

11 навики со кои несвесно го нервирате вашето куче

Кучињата се околу 10.000 до 100.000 пати почувствителни на мирис, отколку луѓето. Па, поради ова, тие не сакаат да бидат изложувани на силни мириси. Затоа, кога планирате да правите нешто што ќе им пречи, тогаш бидете сигурни дека ќе ги однесете на пристојна оддалеченост од вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар