11 начини да го намалите загадувањето на водата
Кога сите луѓе би внимавале на животната средина и водените површини, сигурно загадувањето би било на значително пониско ниво. Доволно е секој од нас да направи мала промена за заеднички да го намалиме загадувањето и да живееме во поздрава средина. Погледнете ги овие 11 начини на кои можете да го сторите тоа.
1. Намалете ја употребата на пластика
Познато е дека пластиката многу тешко се разградува. Најголем дел од пластиката која ја користите секојдневно, завршува во реките или езерата, од каде што уште потешко може да биде исчистена. Доколку е возможно, се препорачува да се намали употребата на пластични предмети и со тоа значително да ѝ помогнете на животната средина.
2. Рециклирајте
Секогаш избирајте амбалажи што лесно можете да ги рециклирате. На пример, стаклените шишиња се подобри за користење отколку пластичните.
3. Не истурајте масло во мијалникот
Иако нема потреба да ја намалите употребата на какви било масла во секојдневниот живот, важно е истите да не ги истурате во одводот. Секоја вишок или неупотребена количина масло, подобро е да ја ставите во шише и да ја фрлите во кантата за отпадоци.
4. Хемикалии за чистење
Слично на маслото, така и хемикалиите за чистење на домаќинството се ризични кога ќе завршат во водата.
5. Не фрлајте лекови
Никогаш не фрлајте ги лековите во канализацијата. Дури и ако имате цело пакување што веќе не ви е потребно, се препорачува истото да го фрлите во ѓубре.
6. Не користете пестициди
Пестицидите и хербицидите се во голема мера штетни за животната околина. Преку земјата и дождовите, овие хемикалии го наоѓаат својот пат до подземните води, а подоцна и до реките или езерата.
7. Редовно одржувајте ги вашите автомобили
Камионите, автомобилите и другите превозни средства се едни од најголемите загадувачи на воздухот. Со нивното редовно одржување, драстично можете да го намалите процентот на загадување на животната средина, а загадувањето на воздухот директно е поврзано со загадувањето на водените површини.
8. Подруми и јами
Ако имате одводи кои се поврзани со вашиот подрум или јама, никако не смеете директно да ги поврзете со канализацијата. Тие може да предизвикаат сериозна штета и загадување на целиот систем.
9. Не фрлајте ѓубре
Кога престојувате во област во чијашто близина се наоѓаат реки, езера, мориња или океани, околу нив не треба да фрлате никакво ѓубре. Дури и амбалажата фрлена на плажата, по одредено време може да стигне до водата и да ја загади. Затоа, добро би било да организирате акција за чистење на крајбрежните области и да ја подигнете свеста на заедницата за тоа колку е штетно загадувањето на животната средина.
10. Посадете растенија во близина на реките или езерата
Доколку живеете во близина на некоја река или езеро, пожелно е тој простор да го збогатите со фауна. Дрвјата се многу корисни за намалување на загаденоста, а со тоа се регулира и нивото на јаглерод диоксид во водата.
11. Спречете го истекувањето на отровни хемикалии во водата
Без разлика дали станува збор за фабрики или физички лица, важно е да го запрете истекувањето на штетни хемикалии во водата, затоа што штетата што тие ја предизвикуваат може да биде огромна.