11 модели кои ги менуваат стандардите за убавина - Part 2

11 модели кои ги менуваат стандардите за убавина

6. Наталија Кастелар Калвани

(6)11-modeli-koi-gi-menuvaat-standardite-za-ubavina-kafepauza.mk

Наталија е модел од САД, но има корени од Пуерто Рико. Таа има многу густи и големи веѓи, за кои соучениците редовно ја задевале. Но, сето ова се променило кога Касандра го привлекла вниманието на модната агенција Next Models. Денес таа е свесна дека нејзините веѓи се она што ја прави уникатна, и криво ѝ е што не си ги сакала порано.

7. Девон Аоки

(7)11-modeli-koi-gi-menuvaat-standardite-za-ubavina-kafepauza.mk

Девон е можеби најнискиот модел, со висина од само 165 сантиметри. Но, ова никогаш не влијаело на нејзината кариера. Таа е нарекувана најдобриот модел од 90-тите и има добивано и филмски улоги. Нејзиниот изглед е навистина уникатен, бидејќи сигурно никогаш не сте виделе Азијка со црвена коса, пеги и полни уни.

8. Рејн Дав

(8)11-modeli-koi-gi-menuvaat-standardite-za-ubavina-kafepauza.mk

26-годишната Рејн ја фотографираат на 2 различни начини – како маж и како жена. Таа има необичен и малку мажествен изглед.

„Многу луѓе мислат дека сум маж кој си ставил гради, и искрено тоа ми е смешно. Никогаш не се гледав како анрдоген, само мислев дека сум многу грда. Но, сега сфатив дека можам да правам нешто кое другите не можат.“

9. Ерика Линдер

(9)11-modeli-koi-gi-menuvaat-standardite-za-ubavina-kafepauza.mk

Ерика е уште еден модел кој може лесно да се претвори во маж, иако воопшто не е мажествена. Светот дозна за неа во 2011 година, кога таа беше фотографирана како Леонардо ди Каприо. Ерика вели дека нејзината фантазија е толку бујна што не ѝ дозволува да претставува само еден пол.

10. Дариус Вернон

Дариус има нарушување од кое му се појавуваат бели дамки на кожата (витилиго). Тој толку често бил исмеван заради ова, што за малку не извршил самоубиство. Но, еден ден сфатил дека не може да им се допадне на сите. Дариус успеал да стане многу баран модел, и денес ја има можноста да им покаже на сите дека убавината доаѓа на разни начини.

11. Зинг Је Жи Џиан

(11)11-modeli-koi-gi-menuvaat-standardite-za-ubavina-kafepauza.mk

Зинг од Кина навистина го изненади Интернетот со неговиот неверојатен изглед. Тој изгледа како да е преубав за овој свет. Некои луѓе му се восхитуваат и го нарекуваат „Кинески елф“, додека на други не им се допаѓа неговата женственост. Ова е само доказ дека колку и да сме совршени, секогаш ќе постои некој кој нема да нè цени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар