11 генетски аномалии кои изгледаат прекрасно
6. Дистихија или двојни трепки
Елизабет Тејлор, една од најпознатите актерки во светот, имала двојни трепки. Ова нарушување кое направило нејзините очи да изгледаат уште попривлечни е познато како дистихија. Многу малку луѓе го имаат ова нарушување кое не секогаш изгледа убаво. Понекогаш трепките растат нееднакво и потребно е дури и хируршко отстранување.
7. Хетерохромија
Ако имате пријатели со различни очи или пак со неколку бои во едното око, тогаш станува збор за хетерохромија. Оваа мутација предизвикува очите да имаат различна боја или пигментацијата да биде различна низ ирисот.
8. Гигантизам
Ова нарушување, особено во својата најлоша форма, може да биде навистина сериозно и да резултира со разни болести, па дури и смрт. Но има и среќни случаи со оваа мутација. Елисани да Круз Силва, млада девојка од Бразил, имала тумор на хипофизата, и пораснала цели 2 метра. За среќа туморот бил отстранет навреме и таа престанала да расте. Елисани сега работи и како модел.
9. Расцеп на брадата
Многумина сметаат дека расцепот на брадата го покажува цврстиот карактер на некоја личност. Но всушност, ова е резултат на неуспешна фузија на коските на брадата за време на развитокот на ембрионот. Едноставно, генот кој им помага на коските да се спојат го нема во тој дел.
10. Црвена коса кај луѓе со африканско потекло
Албинизмот, како и мутацијата во MC1R генот кој се наследува од родители од друга етничка припадност, може да предизвика луѓето со африканско и азиско потекло да имаат црвена коса, пеги или сини очи. Австралиските Абориџини имале слична мутација стотици години.
11. Окуларен албинизам
Окуларниот албинизам е навистина ретко нарушување, има влијание само на очите и резултира со недостаток на пигмент во ирисот. Ако забележите дете со светли очи, а потекнува од семејство со темни очи, голема е веројатноста да го има ова нарушување.
Дознајте дали и вие поседувате некоја од најчестите генетски мутации.