11 факти за човечкото здравје што навистина ќе ве изненадат - Part 2

11 факти за човечкото здравје што навистина ќе ве изненадат

6. Возењето велосипед го зајакнува имунитетот

11 факти за човечкото здравје што навистина ќе ве изненадат

Научниците од Универзитетот Бирмингем проучувале велосипедисти на возраст од 55 до 79 години, кои возат велосипед неколку часа секој ден. Тие откриле дека оваа активност ја задржува мускулната маса и моќ кај постарите луѓе. Исто така ја одржува рамнотежата на масти и холестерол. Уште поневеројатно било тоа што телата на велосипедистите произведуваат Т-клетки чиј број се намалува околу 20-тата година од животот. Ова значи дека возењето велосипед го зајакнува имунитетот.

7. „Немирноста“ ќе ви помогне да ослабите

11 факти за човечкото здравје што навистина ќе ве изненадат

Едно истражување покажало дека многу од луѓето кои не се склони кон дебелеење прават „екстра“ движења во текот на целиот живот како тропање со прстите, одење во круг за време на разговор и слично. Изгледа дека оваа навидум мала физичка активност му помага на телото да согори дополнителни 350 калории дневно.

8. Грицкањето нокти во детството е добро за здравјето

11 факти за човечкото здравје што навистина ќе ве изненадат

Научниците од Канада ги проучувале навиките на 1.000 деца на возраст од 5 до 9 години, а неколку години подоцна им направиле тестови за алергија. Се открило дека децата кои ги гризеле нивните нокти поретко добивале астма, поретко се склони кон алергиски реакции и имаат посилен имунитет. Според истражувачите, микробите кои завршиле во нивните тела им го зајакнале имунитетот.

9. Крвниот притисок може да се зголеми кога околу вас има лекар

11 факти за човечкото здравје што навистина ќе ве изненадат

Речиси 20% од целата популација има таканаречен „синдром на бел мантил“. Овие луѓе имаат потсвесен страв од лекари и кога се во здравствена установа нивниот крвен притисок се покачува. Покрај тоа, овие луѓе изгледаат мирно и не ни сфаќаат дека се исплашени. Оваа појава е почеста кај жените, особено во првите недели од бременоста.

10. Поздравувањето со тупаница е побезбедно од ракување

11 факти за човечкото здравје што навистина ќе ве изненадат

Истражувачите од Велика Британија откриле дека со ракувањето се пренесуваат 40% повеќе микроби за разлика од поздравот со тупаница.

11. Пицата е поздрав појадок од житарките

11 факти за човечкото здравје што навистина ќе ве изненадат

Многумина би помислиле дека ова е нелогично, но пицата навистина е поздрав појадок од житарките. Познатиот американски нутриционист Челси Амер тврди дека пицата содржи масти, јаглехидрати и протеини што ќе направат да се чувствувате сити подолго време, за разлика од житарките. Покрај тоа, житарките содржат и шеќер.

Прочитајте ги и овие интересни факти за фитнесот и здравјето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар