11 чудни факти за Зигмунд Фројд - Part 2

11 чудни факти за Зигмунд Фројд

6. Тој одбил голема сума пари од Холивуд

(6)11-chudni-fakti-za-zigmund-frojd-kafepauza.mk

Во 1925 година името на Фројд било познато до Холивуд. Оваа година, холивудскиот могул Семјуел Голдвин го замолил Фројд да пишува за студиото MGM, и да им помогне да ги откријат најголемите љубовни приказни. Со многу пари во својот џеб, Голдвин сметал дека нема да треба многу да го убедува, но Фројд дури одбил и да се сретне со него.

7. Сметал дека коренот на анти-семитизмот е стравот од кастрација

(7)11-chudni-fakti-za-zigmund-frojd-kafepauza.mk

Фројд бил присилен да ја напушти родната Австрија поради фашизмот, па нормално, анти-семитизмот била негова честа тема на разговор. Тој секогаш ги барал потсвесните корења на фобиите кај луѓето, и многу често одговорот вклучувал губење на половиот орган, или немање на истиот.

8. Фројд умрел со помогнато самоубиство

(8)11-chudni-fakti-za-zigmund-frojd-kafepauza.mk

Летото во 1939 година, ракот на Фројд станал невозможен за оперирање, а тој исто така и одбивал да се откаже од цигарите. Со помош од неговиот лекар и ќерка му, Фројд консумирал 3 смртоносни дози морфиум и паднал во смртоносна кома на 21-ви септември, 1939. Неговото срце престанало да чука два дена подоцна.

9. Фројд сметал дека бебињата имаат сексуалност, но не и неговата 18-годишна ќерка

(9)11-chudni-fakti-za-zigmund-frojd-kafepauza.mk

Фројд не дозволувал етиката да му пречи во вршењето на својата работа. Тој ја третирал и неговата ќерка Ана. Фројд верувал дека секоја постапка на човекот е потсвесно сексуална, дури и доењето на дете. Постои една анегдота во која Фројд му објаснува на еден додворувач на ќерка му дека таа е далеку од имање сексуален нагон. Тогаш ќерка му имала 18 години.

10. Фројд криел историски артефакти

(10)11-chudni-fakti-za-zigmund-frojd-kafepauza.mk

Како и користењето на кокаин, така и криењето историски артефакти било прифатливо во 1930 година. Фројд бил фасциниран од грчко-римските артефакти и многу често ги купувал на аукции од музеите. Неговите пациенти велеле дека за време на сеансата повеќе се чувствувале како во музеј наместо во лекарска ординација. Многу од артефактите останале во неговиот дом во Лондон, кој денес е отворен како музеј.

11. Споредбата на муцката на коњот и мустаќите била основа за Едиповиот комплекс

(11)11-chudni-fakti-za-zigmund-frojd-kafepauza.mk

Детството е суштина на многу од теориите на Фројд, но интересно е што тој имал само едно дете пациент. Малиот Ханс имал 5 години и фобија што не му дозволувала да излезе од дома – му било страв дека ќе го касне некој коњ. Овој случај станал основата на Фројдовиот Едипов комплекс. Фројд сметал дека црната муцка на коњот го потсетувала Ханс на мустаќите и очилата на неговиот татко. Стравот од коњот бил сексуалниот натпревар помеѓу Ханс и татко му за неговата мајка… Звучи нормално, нели? Ханс всушност бил сведок на настан каде што еден преморен коњ паднал и умрел пред него, но изгледа тоа не било важно за Фројд.

Погледнете и неколку цитати од Фројд кои ќе ве насмеат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар