10 вистински приказни за луѓе со чудна боја на кожата - Part 2

10 вистински приказни за луѓе со чудна боја на кожата

6. Дерматографска уртикарија

(6)10-prikazni-za-lugje-so-chudna-boja-na-kozhata-kafepauza.mk

Ако ја изгребете вашата кожа, таа ќе стане бела бидејќи ја „тргате“ крвта од под неа и потоа брзо се враќа во првобитната боја. Но луѓето со дерматографска уртикарија го забележуваат ова дури и при најнежен допир.

Дерматографијата (пишување на кожа) е токму тоа како што звучи. Луѓето со ова нарушување можат буквално да пишуваат на нивната кожа со многу лесен допир. Причината за ова не е целосно разјаснета, но на повеќето заболени не им е потребен никаков третман.

7. Труење со злато

(7)10-prikazni-za-lugje-so-chudna-boja-na-kozhata-kafepauza.mk

Трендот за користење злато во храната не претставува опасност бидејќи златото само поминува низ организмот и не предизвикува ништо. Тоа дури и се користи во медицината за намалување на болка. Но, долгата изложеност може да предизвика неколку физички промени.

Прво се менува бојата на очите – тие стануваат кафени или виолетови. Во деловите од телото кои се изложени на УВ светлина честичките злато се собираат и ја распрснуваат светлината. Малкумина се третираат со злато овие денови, но ако сте едни од нив, можете да останете со трајна сино-сива боја на кожата.

8. Обелување на кожата

(8)10-prikazni-za-lugje-so-chudna-boja-na-kozhata-kafepauza.mk

Бледиот тен во минатото бил многу популарен бидејќи тоа значело дека личноста има доволно пари за да седи дома, скриена од сонцето. За да го постигнат овој изглед, луѓето ги покривале своите лица со многу шминка. Се користела козметика која содржела олово, па можете да ги замислите последиците.

Оловото ја нагризувало кожата и ја потемнувало. Ова потемнување ги терало луѓето да нанесуваат уште повеќе бела шминка. Овој тренд ги оставал луѓето со исушена коса и расипани заби. Исто така често се случувало и да им паѓа косата. Некои сметаат дека токму оваа козметика е причина за смртта на кралицата Елизабета Прва која била позната по нејзиниот неверојатно бел тен.

9. Сончево задоволство

(9)10-prikazni-za-lugje-so-chudna-boja-na-kozhata-kafepauza.mk

Во доцните 1990-ти години во Британија бил популарен еден пијалак со вкус на портокал познат како Сончево задоволство (Sunny Delight). Рекламата која ја направиле за Божиќ прикажувала Снешко кој пиел од сокот и станувал жолт. Но ова му се случило и на едно девојче.

Родителите на 4-годишното девојче му дозволувале да пие и по 1,5 литар од пијалакот секој ден. Во него имало доволно бета каротен за да ја претвори кожата на детето во жолта. За среќа девојчето не претрпело никаква штета, но брендот ја изгубил популарноста поради приказната. И покрај тоа што било јасно дека девојчето пиело премногу од сокот, пијалакот бил тргнат од пазарот.

10. Сребрени лекови

(10)10-prikazni-za-lugje-so-chudna-boja-na-kozhata-kafepauza.mk

Видовме што ѝ прави златото на кожата, но наградата за боење ја добива среброто. Аргирија е состојба во која среброто се собира во кожата и очите и ги прави сини. Среброто денес се продава и како алтернативна медицина за сè, започнувајќи од состојби како рак и сида, па сè до херпес.

Оние кои не сакаат постојано да ги купуваат лековите со сребро, може да инвестираат во машина која ќе додава сребро во нивната вода. Пол Карасон го направил токму тоа, и секој ден пиел по една чаша „сребрена“ вода. Денес тој има изразено сино лице. И покрај опасноста и трајните промени кои настануваат од среброто, тоа сепак може да се најде во многу продавници за здрава храна или на Интернет.

Погледнете и кои се најсмртоносните болести во историјата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар