10 „луди“ научници кои станале дел од историјата, но не на начинот на кој би сакале - Part 2

10 „луди“ научници кои станале дел од историјата, но не на начинот на кој би сакале

6. Едвард Дринкер Коуп

(6)10-vistinski-ludi-nauchnici-kafepauza.mk.jpg10-vistinski-ludi-nauchnici-kafepauza.mk

Едвард бил познат по откривањето коски од диносауруси. Во текот на неговиот живот тој пронашол дури 1.300 коски. Неговото ривалство со Чарлс Марш го натерало на овој подвиг, но исто така предизвикало навистина збунувачко именување на видовите. Поради ова ривалство и двајцата ги „откриле“ 22 пати коските на истребеното животно наречено „Uintatherioum anceps“ поради лоша комуникација и лоша наука.

7. Карл Вилхелм Шил

(7)10-vistinski-ludi-nauchnici-kafepauza.mk

Карл открил најмалку 6 разни елементи и не добил признание за ниту еден. Тој имал проблем со неговите извештаи и со научните трудови по неговите откритија. И среќата со парите не му била добра. Тој бил првиот кој го здогледал потенцијалот на хлорот како избелувач, но не работел на тоа и испуштил вистинско богатство. Покрај ова, Карл имал навистина краток живот. Тој умрел на 43-годишна возраст. Причината за раната смрт најверојатно била неговата навика да ги вкусува и мириса сите елементи со кои работел.

8. Ернест Радерфорд

(8)10-vistinski-ludi-nauchnici-kafepauza.mk

Овој научник е таткото на нуклеарната физика и првиот човек кој разделил атом. Тој бил човекот кој го направил создавањето на атомско оружје теоретски возможно. Покрај ова, тој бил познат како човек кој зборувал навистина гласно, како секогаш да се наоѓа на сцена. Покрај ова, тој страсно зборувал и за теми за кои немал никакво познавање. Некои луѓе го опишувале како навистина напорен човек, а според некои не бил баш најдобар во изведувањето експерименти.

9. Холдејнови

(9)10-vistinski-ludi-nauchnici-kafepauza.mk

Холдејнови се познати по тоа што ја направиле првата практична опрема за нуркање. Како и многу научници од тоа време, и тие требало да ги тестираат своите направи и хипотези. Се верувало дека Џон Скот Холдејн експериментирал со жива, а ова било причина за неговата психичка отсутност. Неговиот син ја наследил љубовта кон науката, па уште на 3 години му поставувал комплицирани прашања. Кога тој бил доволно стар да работи со татко му, тие заедно правеле експерименти, тестирале гасови и гледале колку време ќе им биде потребно да изгубат свест.

10. Хенри Кевендиш

(10)10-vistinski-ludi-nauchnici-kafepauza.mk

Хенри е научникот кој го открил водородот и ја одредил густината на Земјата. Но тој бил толку срамежлив што тоа се сметало за ментално нарушување. Иако се срамел и од двата пола, жените му претставувале вистински проблем. Хенри изградил скали на задниот дел од неговата куќа за да избегнува да комуницира со неговата куќна помошничка. Ако имало потреба да ѝ каже нешто тој ѝ оставал порака на скалите. Сепак, тој се појавувал еднаш неделно на големи научни забави кои ги одржувал Џосеф Бенкс, а Бенкс пак им кажувал на гостите како да му пријдат на Хенри.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар