10 видови храна коишто создаваат зависност (речиси) исто колку и дрогата - Part 2

10 видови храна коишто создаваат зависност (речиси) исто колку и дрогата

6. Шеќер

10 видови храна коишто создаваат зависност (речиси) исто колку и дрогата

Како и секоја друга храна, шеќерот може да биде здрав и нездрав во зависност од тоа како се употребува. Но, може да создаде и зависност. Едно истражување покажало дека шеќерот има ист ефект на телото како кокаинот и прави да се лачи допамин. Со текот на времето се лачи помала доза допамин во споредба со консумираниот шеќер, па зависникот сака повеќе. Ако зависникот не ја задоволи потребата, може да се појави депресија, исто како и со кокаинот.

Друго истражување покажало дека зависноста од шеќер е всушност проблем со однесувањето, а не класична зависност. Воглавно, луѓето консумираат шеќер бидејќи го сакаат, а не бидејќи се зависни.

7. Кафе

10 видови храна коишто создаваат зависност (речиси) исто колку и дрогата

Кафето е омилениот пијалак на голем број луѓе. Можеби причината е токму зависноста од него. Овој пијалак содржи кофеин кој е познат како најраспространета легална дрога. Кафето го поттикнува лачењето на допамин што прави да се чувствуваме добро. Може да предизвика сериозна зависност која се „лекува“ само со повеќе кафе.

8. Газирани пијалаци

10 видови храна коишто создаваат зависност (речиси) исто колку и дрогата

Некои газирани пијалаци како Пепси или Кока-кола се неодоливи бидејќи содржат кофеин. Па, дури и да не пиете кафе, вие внесувате кофеин преку нив. Покрај кофеинот, газираните пијалаци содржат и многу боја, фосфорна киселина и многу шеќер или пченкарен сируп.

9. Чипс

10 видови храна коишто создаваат зависност (речиси) исто колку и дрогата

Дали некогаш сте се запрашале зошто не можете да престанете со јадењето чипс? Според едно истражување причината е зависноста што ја предизвикува. Како сирењето, така и чипсот го поттикнува лачењето на допамин и има сличен ефект како дрогата. Чипсот и нездравата храна го стимулираат истиот дел од мозокот како алкохолот кај алкохоличарите и дрогата кај зависниците од наркотици.

10. Чоколадо

10 видови храна коишто создаваат зависност (речиси) исто колку и дрогата

Чоколадото е уште една храна што создава зависност. Причината е што содржи шеќер, масти, теобромин и енкефалин. Теоброминот и енкефалинот се стимуланси. Теоброминот ги проширува крвните садови, го намалува пулсот и крвниот притисок и ве релаксира. Енкефалинот е тестиран само на стаорци и потребни се дополнителни истражувања за неговото влијание на луѓето.

Дали сте зависни од храна? Овој тест ќе ви помогне да откриете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар