10 видови дрога што можеби растат во вашиот двор
6. Канабис
Речиси секој е запознаен со растението што релаксира. Неговите ефекти можат да траат со часови и да предизвикаат чувство на глад. Само 10% од корисниците можат да станат зависни, но долгорочната употреба може да има влијание на вашата способност за учење и концентрацијата. Некои истражувања покажале и дека со редовното консумирање марихуана, се зголемува ризикот од болести како шизофренијата.
7. Кока
Ова растение расте во Боливија, Перу и Еквадор и всушност е основната состојка на кокаинот. Со преработка на листовите се добива најпопуларната рекреативна дрога. Еуфоријата, зголеменото внимание и ослободувањето од заморот го прават кокаинот навистина честа појава во бизнис секторот. Исто така се користи како локален анестетик во некои држави, но рекреативното консумирање е нелегално. Може да настане токсична психоза доколку се земе преголема количина, што често резултира со чувство дека ви лазат бубачки под кожата. Најопасните последици се кога кокаинот се меша со други супстанци, како синтетичките опиоиди, бидејќи се зголемува можноста за предозирање. Иако повеќето го земаат за да се справат со стресни ситуации, зависноста може да се развие за само неколку недели.
8. Psilocybe tampanensis
Овие печурки, понекогаш нарекувани и „камења на мудроста“, се многу слични со магичните печурки. Нивното консумирање предизвикува комични увиди, длабока лична рефлексија и изменета перцепција. Навистина се ретки и се одгледуваат клонови од примерок пронајден во Флорида во 1977-ма година, најчесто од страна на аматери. Навистина е тешко да е предвидат нивните ефекти бидејќи се под влијание на музиката, луѓето и опкружувањето. Обично луѓето искусуваат еуфорија, посветли бои и чувствителност на светлина. Иако самите печурки не се опасни, забележан е зголемен ризик од мисли за самоубиство, депресија и живи халуцинации.
9. Banisteriopsis Caapi
Ова растение најчесто се користи за правење на пијалакот ајахуаска, кој често го бараат туристите во Перу за духовно будење. Оние кои го пробале изјавиле дека почувствувале како да се преродени, а нивната духовност се зголемила. Ајахуаска се смета за портал до духовниот свет, а растението се користи дури и за третирање посттрауматско стресно нарушување, депресија и зависност поради способноста да ги „исчисти“ негативните и токсичните емоции. Но ова прочистување често е проследено со повраќање, па дури и парализирање на моторичките способности. Некои од туристите дури и умреле.
10. Ѓаволов здив
Ако не ве плаши името на растението, тогаш сигурно ќе се исплашите од неговата приказна. Позната и како скополамин, оваа дрога се добива од цветовите на растението Brugmansia aurea, кое најчесто се наоѓа во Јужна Америка. Не се користи само за забава, туку се користи и на улиците така што се дува во лицата на безгрижните туристи или се дава преку „накиснати“ бизнис картички. На овој начин личноста што ќе ја консумира дрогата станува безживотен робот што ќе ја следи сечија и секоја команда. Ова растение е обвинето за илјадници злодела во Јужна Америка. Предизвикува целосен недостаток на слободна волја како и амнезија, оставајќи ги жртвите ранливи на секаква сугестија. Постојат извештаи според кои нацистите го користеле за време на испрашување како серум за вистина. Речиси сигурно ова не е растение на кое ќе сакате да налетате.
Дознајте и како видовите дрога кои предизвикуваат зависност влијаат на вашиот мозок.
Avtorot absolutno bez poznavanja na poleto si zema za pravo da dava mislenje.