10 ужасни факти за хирургијата во Викторијанската ера - Part 2

10 ужасни факти за хирургијата во Викторијанската ера

6. Ампутираните екстремитети биле фрлани во пилана

10 ужасни факти за хирургијата во Викторијанската ера

Замислете си да ви ја пресечат ногата, да ја фрлат во пилана веднаш до вас, а луѓето наоколу да почнат да аплаудираат. Во Викторијанската ера ова се случувало многу често, и тоа без употреба на анестетик. Доктор Роберт Листон бил еден од најпознатите хирурзи во историјата и бил познат како „најбрзиот нож во западниот крај“. Во просек му умирал 1 од 10 пациенти што било вистински успех, бидејќи во тој период хирурзите губеле по 1 пациент на секои 4.

7. Болниците биле само за сиромашните

10 ужасни факти за хирургијата во Викторијанската ера

Ако сте биле доволно среќни да се родите во богато семејство во овој период, би биле лекувани од домашен лекар од удобноста на вашиот дом. Во болница завршувале сиромашните и наместо лекарите, власта одлучувала кој ќе биде примен. Нови пациенти се примале само еднаш неделно и обично биле делени на две категории – неизлечиви, односно луѓе со инфективни болести, или лудаци, оние кои страдале од ментални болести. Во болницата Св. Томас во Лондон од 1752-ра година на сила стапило правилото дека ниту еден пациент не може да се прими повеќе од еднаш за истата болест.

8. Хирурзите гордо ја носеле нивната облека извалкана со крв

10 ужасни факти за хирургијата во Викторијанската ера

Хирурзите од Викторијанската ера гордо ја носеле облеката извалкана со крв, а со тоа и ужасниот мирис на скапано месо. Оваа професија не била благородна како денес, а луѓето кои имале задача да ги чистат душеците од вошки во болниците биле плаќани повеќе од нив. Поради високата стапка на смртност, болниците биле познати како „куќи на смртта“.

9. Околу операционата маса секогаш имало толпа луѓе

10 ужасни факти за хирургијата во Викторијанската ера

Додека пациентите викале и се обидувале да избегаат од болната процедура, околу нив имало цела група луѓе кои уживале во шоуто. Оперирањето пред публика не било ништо чудно во овој период, а опасноста од бактерии и инфекции била занемарена. Болните викања на пациентите и џагорот на толпата можеле да се слушнат надалеку.

10. Еден од најреномираните хирурзи бил трансродова личност

10 ужасни факти за хирургијата во Викторијанската ера

Во 1865-та година починал хирургот д-р Џејмс Бери. Тој бил сметан за еден од најуспешните хирурзи во Викторијанската ера, но всушност бил роден како Маргарет Ан Балкли. Како жена таа немала никаква можност да го исполни нејзиниот сон да стане хирург бидејќи на жените не им било дозволено формално образование. Тој се пријавил во војска и во 1826-та година извршил успешен царски рез во Кејптаун, 7 години пред оваа операција прв пат да се изведе во Британија. Дури откако било исчистено неговото тело по смртта, луѓето ја дознале вистината.

Дознајте и нешто повеќе за проституцијата во Викторијанската ера.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар