10 урбани легенди од кои ќе ве полазат морници

10 урбани легенди од кои ќе ве полазат морници

Урбаната легенда се дефинира како модерна фолклорна форма која што можеби е вистинита, можеби не, и обично поседува хорор елементи на кои може да им се верува. Биле вистинити или не, следните 10 приказни содржат доволно застрашувачки делови за да ве полазат морници додека ги читате.

Траги во снегот

Една тинејџерка од САД останала сама дома со својата сестричка откако родителите заминале на вечера со пријатели. Гледале телевизија, по што помалата сестра отишла в кревет, а поголемата продолжила со следење на ТВ програмите. Набргу ѝ здодеало и отишла на големиот прозорец од дневната соба. Таму подолго време ја набљудувала идиличната слика додека надвор полека паѓа снег. Уживала сè додека во дворот не забележала маж којшто се движи кон прозорецот со нож в раце. Целата исплашена, го зела безжичниот телефон, се покрила со ќебе и повикала полиција. За среќа, имало патролно возило непосредно до нејзиниот дом. Полицијата почнала да го испитува теренот и забележала траги во снегот кои водат кон куќата, но не и такви кои водат надвор. Ситуацијата изгледала сосема нелогично сè додека не забележале мокри траги од стапала и на килимот во дневната соба. Натрапникот всушност цело време бил внатре, стоел зад девојката, а таа го видела неговиот одраз на стаклото од прозорецот.

10 урбани легенди од кои ќе ве полазат морници

Морничаво откритие

Една студентка ја поминувала ноќта во библиотека учејќи за испитите кои следувале наскоро. По некое време сфатила дека заборавила нешто во својата соба во студентскиот дом. Се вратила таму, а не сакајќи да ја разбуди својата цимерка го зела тоа што ѝ треба додека светлото било исклучено. Кога се вратила после учењето, го вклучила светлото, а на подот ја нашла својата цимерка со пресечено грло. На огледалото во бањата пишувало: „Зарем не ти е мило што не го вклучи светлото?“

10 урбани легенди од кои ќе ве полазат морници

Несреќа со палтата

Една пресреќна двојка од тазе родители го крстиле своето бебе во еден зимски ден. Потоа почнале да ги примаат гостите дома, а тие, како што пристигнувале ги оставале палтата на креветот во близина на дневната соба. Кога по некое време мајката сакала да го донесе изворот на својата голема радост кај гостите, тргнала накај неговото креветче и забележала дека врз него има многу палта. Бебето веќе било задушено.

10 урбани легенди од кои ќе ве полазат морници

На бензинска пумпа

Една девојка возела доцна во ноќта во пуст дел од САД со својот стар автомобил. Морала да наполни гориво и, баш како во филмовите, наишла на осамена бензинска пумпа во сред пустелија. Момчето кое работело на бензинската пумпа се приближило кон неа, таа му рекла колку гориво да наполни, а тој го сторил тоа. Но, за сето тоа време тој изгледал многу нервозно, а тоа ја плашело девојката. Кога завршил таа му дала банкнота од 20 долари, тој се загледал во неа и ѝ рекол дека е фалсификат. Девојката сега уште повеќе чувствувала дека нешто не е во ред со него. Тогаш тој побарал од неа да излезе од автомобилот и да оди внатре во бензинската со него затоа што треба да го пријави тоа. Кога конечно ја убедил да го стори тоа, тој ѝ објаснил дека не се работи за фалсификат, туку дека на задното седиште од нејзиниот автомобил се криел човек со качулка на главата.

10 урбани легенди од кои ќе ве полазат морници

Натрапникот

Жена ја поминувала ноќта сама во својот стан кога одеднаш некоја жена почнала да тропа на нејзината врата молејќи да ја пушти внатре. Кога прашала кој е тоа, другата жена рекла дека некој сака да ја повреди и дека мора да се засолни некаде. Кога жената која биле дома почнала да слуша повнимателно, забележала дека однадвор навистина доаѓа машки глас, но делувало како тој да води нормален муабет со жената. Жената се обидела да ѕирне низ шпиончето, но тоа било покриено со раката на натрапникот. Потоа ѕирнала низ прозорецот и таму навистина видела дека пред вратата стои жена облечена во црно, но за тоа време некој продолжил да бара да ѝ отвори со машки глас. Таа не отворила, па жената и кој и да бил надвор со неа, си отишле.

10 урбани легенди од кои ќе ве полазат морници


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Јована Reply

    Може да ми го кажете изворот од каде ги најдовте овие легенди?

    • Кафе пауза Reply

      Не, но легендите се исцрпени од изворот, нема повеќе.

Остави коментар