10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислите - Part 2

10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислите

6. Пиење на Свети Патрик

10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислите

Се смета дека пиењето на празникот Свети Патрик е стара ирска традиција, но не е. До 1970-тите пабовите биле затварани за време на празникот поради неговата религиозна природа. Во доцните 1970-ти, пиењето станало дел од празникот во Ирска. Всушност, пиењето за овој празник потекнува од Америка и дури подоцна се проширува кон Ирска.

7. Сè во врска со Денот на благодарноста

10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислите

Можеби знаете малку за овој американски празник, но сè што знаете е погрешно. На самиот ден сигурно немало мисирка, пита од тиква, сос од рибизли или компири. Речиси сè во врска со овој празник е измислено векови подоцна, и речиси и да нема сличност со она што го правеле аџиите за да ја прослават жетвата.

8. Ресторани

10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислите

Јадењето надвор станува толку често, што сигурно мислите дека отсекогаш било вака. Но идејата за рестораните потекнува од Француската револуција. По падот на повеќето богати во Франција, многу готвачи и слуги останале без работа бидејќи никој немал доволно пари за приватен готвач. Па, се собрале заедно и почнале да прават оброци за другите луѓе. Откриле дека на овој начин можат да заработуваат, па се родил концептот за ресторани.

9. Смеење на фотографии

10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислите

Фотографијата ќе наполни речиси 200 години, а од нејзината појава нештата навистина се промениле. На почетокот, смеењето на фотографиите не било прифатено од страна на општеството. Никој не ја знае точната причина, но има неколку теории. Можно е целта да била продолжување на традицијата од сликаните портрети, а можеби тие стоеле со неутрален израз на лицето поради времето што било потребно да се направи една фотографија. Голема е веројатноста и причината да била тоа што луѓето не воделе добра грижа за нивните заби.

10. Дедо Мраз

10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислите

Иако Свети Никола постои со векови, ликот на Дедо Мраз е нов изум. На пример, неговиот црвен костум се појавил дури во 1932-ра година. Во тој период црно-белите фотографии биле боени со црвено за реклами и ликот се користел за промовирање еден продукт. Сигурно се прашувате кој продукт ја создал оваа традиција што сега постои низ целиот свет. Кока-кола го употребила Дедо Мраз со црвен костум како реклама, па идејата за ликот во тоа издание останала жива и до денес.

Дали знаете што се крие зад 3-те најголеми свадбени традиции?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар