10 традиции од британската кралска венчавка
6. Симболични фустани и дезени
Елизабета која се венчала во 1947-ма година имала вел декориран со цветови кои го симболизирале мирот по Втората светска војна. Меган го украсила својот фустан со 53 цветови кои ги означуваат Велика Британија и речиси сите поранешни колонии.
7. Нешто старо, нешто ново, нешто позајмено, нешто сино
Според традицијата, секоја британска невеста треба да има нешто старо, нешто ново, нешто позајмено и нешто сино. Кејт Мидлтон носела дијамантски обетки од нејзините родители, стара ирска чипка и сина машна зашиена на фустанот. Круната ја позајмила од кралицата Елизабета.
8. Гости со шапки
Овој тренд датира пред 1950-тите кога припадниците на високата класа и жените од кралско потекло ретко ја покажувале својата коса. Денес станува збор само за традиција.
9. Неверојатни торти
Главниот симбол на венчавката е голема овошна торта. Слаткарите потрошиле 5 денови за тортата на Вилијам и Кејт (левата фотографија). Меган и Хари се одлучиле да ја избегнат традицијата и одбрале торта од лимон. Биле употребени 200 лимони и 10 шишиња сируп. Тортата е необична бидејќи не е на повеќе катови, туку е распоредена во повеќе садови.
10. Парче торта во знак на благодарност
По венчавката, секој гостин добива парче торта во метална кутија и картичка за заблагодарување. Горниот дел од тортата се чува за крштевката на идните деца. Исто така парче од тортата се чува за на аукција.
Погледнете ги и правилата за венчавката на Хари и Меган.