10-те најстари артефакти во светот
6. Најстарите пештерски цртежи
Новото откритие на еден индонезиски остров се пештерски цртежи кои се постари од 40.000 години. Се состојат од отпечатоци на дланки и цртежи од локални животни. За еден од цртежите дефинитивно е утврдено дека е стар барем 35.000 години, а ова го прави најран пример за уметност.
7. Најстариот механички часовник што сè уште работи
Најстариот механички часовник кој уште е во функција се наоѓа во јужна Англија во катедралата во Солисбери. Направен е околу 1386-та година и содржи тркало и запчаници кои се поврзани со ѕвоната на катедралата и ѕвони секој час. Друг, малку постар механички часовник бил поставен во Милано, Италија во 1335-та година, но за жал повеќе не работи.
8. Најстарите маски
Оваа колекција од камени маски кои се стари околу 9.000 години, датираат од неолитот во Израел. Маските претставуваат лица, а некои од нив и черепи. Истражувачите не се сигурни дали се носеле или се користеле за ритуали, но според дезенот биле направени за носење. Постарите цртежи претставуваат луѓе кои носат маски. Археолозите веруваат дека биле направени од разградив материјал, па многу од нив се засекогаш изгубени.
9. Најстар пример за апстрактна уметноста
Во 2007-ма година археолозите кои истражувале школки на остров во Индонезија забележале една на која имало гребнатини. Други пак имале дупки укажувајќи дека некој користел алатки за да ги обработи. Во 2014-та тим истражувачи потврдил дека школките биле некаков алат. Се утврдило дека се стари околу 500.000 години. Исто така утврдиле дека гребнатините не се случајни туку направен намерно.
10. Најстарите алати
Најстарите алати се откриени во Етиопија и се стари околу 2,5-2,6 милиони години. Не само што ова ги прави најстари алати, туку тие се и најстарите артефакти пронајдени до денес. Биле користени за одделување на место од животински коски. Пронајдени се околу 2.600 од овие алати, но сè уште нема човечки остатоци. Слични алати се пронајдени и во други делови од Африка, од кои најстарите датираат од пред 2,3-2,4 милиони години.
Прочитајте и за археолошките откритија кои ги збунуваат и модерните научници.