10-те најскапи луксузни хотели во светот

10-те најскапи луксузни хотели во светот

Сите знаеме дека вистинскиот луксуз е всушност она што се наоѓа пред нас, а тоа е можноста да го поминеме нашето време со луѓето кои најмногу ни значат: Семејството и пријателите. Но, кога станува збор за материјалниот свет, тогаш нема ништо полуксузно од скапите хотели. Од вкусна храна, приватни вечери, скапи автомобили и приватни базени, во продолжение прочитајте каде се наоѓаат најлуксузните хотели во светот за 2016-тата година и што е тоа што ги прави толку скапи?

10. Одморалиштето на островот Лаукала, Фиџи

10-те најскапи луксузни хотели во светот

Целиот остров припаѓа на сопственикот на познатата компанија Ред Бул и се состои од 25 вили. Најдобрите вили имаат панорамски поглед на островот, бесплатни масажи и јавање коњи на плажа. Престојот тука чини 40.000 долари од вечер.

9. Вилата Скај во одморалиштето казино Палмс, Невада

10-те најскапи луксузни хотели во светот

Оваа вила зафаќа површина од 840 метри квадратни и има затворен џакузи базен за 12 лица со поглед на познатите улици во Вегас. Престојот во оваа вила чини 35.000 евра од вечер и има приватни тераси, приватен стаклен лифт, соба за вежбање и фитнес, соба за масажа, како и сува сауна и 24-часовна батлерска служба.

8. Хотелот Мартинез Гранд Хајат Канс

10-те најскапи луксузни хотели во светот

Претседателскиот апартман во овој хотел се наоѓа на булеварот „de la Croisette“ и бил отворен во 1929-тата година. Чини 35.000 евра од вечер и се состои од 4 спални соби, 2 соби за одмор и трпезарии, 2 работни соби, 2 сауни и 4 тоалети, сите опремени со посебна када со хидротерапија и турска бања/туш.

7. Одморалиштето Лагониси, Грција

10-те најскапи луксузни хотели во светот

Одморалиштето нема листа на цени, но се претпоставува дека една вечер би чинела околу 35.000 евра, што е и стандардната сума за луксузните апартмани во хотелите. Одморалиштето има една затворена вила на јужниот дел од полуостровот која гледа кон мирното Егејско море. Има приватен базен, погоден за сите годишни времиња, 2 големи спални соби со огниште и широка мермерна бања со дополнителна гостинска соба и приватна тераса за сончање, сала за вежбање како и за масажа.

6. Хотелот Кала ди Волпи, Италија

10-те најскапи луксузни хотели во светот

Хотелот се наоѓа на островот Сардинија и содржи сѐ што би очекувале од едно медитеранско одморалиште. Претседателскиот апартман има приватен базен, фитнес центар и солариум.

5. Пентхаусот на Тај Варнер во Хотелот Четири сезони, Њујорк

10-те најскапи луксузни хотели во светот

Овој пентхаус чини 35.000 евра од вечер и нуди 9 соби распространети на 400 метри квадратни кои имаат поглед на градот од 360 степени. Ова е највисоката соба во Њујорк и биле потребни 7 години и 46 милиони евра за да се изгради.

4. Палатата на Џумера во Бодрум

10-те најскапи луксузни хотели во светот

Интересното за ова одморалиште е тоа што содржи повеќе бањи отколку спални соби и најдоброто што може да го понуди е Палатата од која можете да очекувате златни статуетки од лавови покрај базените, приватно пристаниште и сопствен амам. Чини 40.000 евра од вечер.

3. Апартманот Шахи Махал во палатата Раџ, Џаипур

10-те најскапи луксузни хотели во светот

Хотелот ги нуди своите апартмани по цена од 53.000 евра од вечер. Покрај 6-те спални соби, гостите можат да уживаат во библиотека, приватен театар, соба за астрологија и приватна кујнска послуга. Хотелот моментално се реновира и во план е да се вклучат тераси со градини кои ќе се протегаат на 2.200 метри квадратни и тростран бесконечен базен.

2. Кралскиот пентхаус во хотелот Претседателот Вилсон, Женева

10-те најскапи луксузни хотели во светот

Ова е најскапиот хотел во светот и својата најскапа соба, односно претседателскиот апартман го нуди по цена од 60.000 евра од вечер. Во него престојувале дел од најбогатите луѓе во светот како што се Бил Гејтс и Мајкл Даглас. Се протега на 1.800 метри квадратни и има 4 големи спални соби, 12 мермерни бањи, соба за вежбање, маса за билјард и еден голем клавир од познатата фирма „Steinway“.

1. Љубовното море, Св. Лучија

10-те најскапи луксузни хотели во светот

Најскапата соба која чини 130.000 евра од вечер всушност не се наоѓа во хотел, туку во подморница. Понудата доаѓа со целосен бродски екипаж кој ќе ве води низ длабочините на океанот, а ќе можете да уживате и во мирниот сон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар