10-те најпознати лажни експедиции и откритија - Part 2

10-те најпознати лажни експедиции и откритија

6. Богатството на Картиер

(6)10-te-najpoznati-lazhni-ekspedicii-i-otkritija-kafepauza.mk

Жак Картиер бил Французин кој бил замолен од кралот Френсис Први да најде пат преку Канада до Азија. Откако Картиер се вратил од Канада, кралот бил многу задоволен од извештајот, па во 1540 година го испратил истражувачот да го колонизира Новиот свет. Оваа експедиција воопшто не поминала добро. Картиер успеал да ги вознемири локалните жители, па помеѓу налутените племиња и зимата која му го блокирала патот на запад, тој морал да се врати назад. Тој пронашол нешто за кое мислел дека се злато и дијаманти во Квебек, но се открило дека златото и дијамантите биле лажни, па Картиер добил забрана за понатамошни патувања.

7. Демонското дрво од Мадагаскар

(7)10-te-najpoznati-lazhni-ekspedicii-i-otkritija-kafepauza.mk

Двајцата истражувачи, Чејс Салмон Озборн и капетан Моте Харст, направиле експедиција на Мадагаскар на почетокот на 20-тиот век за да го пронајдат дрвото што јадело луѓе. Тие веројатно ја прочитале приказната во некој весник, но локалните жители ги охрабриле и им кажале дека дрвото навистина постои. За жал, овие луѓе биле во потрага по нешто што не постои. Приказната која ја прочитале била напишана од Едмунд Спенсер, новинар во Њујорк Тајмс. Спенсер ја напишал приказната како интервју со некој истражувач кој го гледал дрвото како јаде некоја девојка. Но, сето ова било плод на неговата фантазија.

8. Древни Египќани.. во Аризона?

(8)10-te-najpoznati-lazhni-ekspedicii-i-otkritija-kafepauza.mk

Во 1909 година се појавила приказна за Г. Е. Кинкајд, истражувач кој патувал низ Големиот Кањон и пронашол египетски или азиски артефакти. Приказната ги натерала луѓето да се прашуваат за тоа дали луѓето од Средниот Исток дошле во Аризона пред илјадници години. Приказната тврдела дека тој пронашол мумии, статуи, хиероглифи и оружја кои воопшто не изгледале како оние пронајдени во Големиот Кањон.

Она што е чудно е што ова откритие е спомнато само два пати во весниците, а денес оваа територија ѝ припаѓа на власта на САД и пристапот е забранет. До денес не знаеме дали Кинкајд го направил најголемото откритие во неговиот живот, или ја кажал најголемата лага.

9. Земјата Крокер

(9)10-te-najpoznati-lazhni-ekspedicii-i-otkritija-kafepauza.mk

Подвигот за освојување на Северниот пол резултирал со неколку интересни откритија, но ниту едно од нив не може да се спореди со тврдењето на Роберт Пери дека пронашол цел континент. Во 1906 година, по неколку неуспешни месеци за освојување на Северниот пол, тој рекол дека пронашол огромна површина земја во близина на островот Елесмер. Ова парче земја го нарекол Земјата Крокер, по Џорџ Крокер, човекот кој го финансирал патувањето на Пери. Бидејќи тој бил еден од ретките луѓе кои го истражиле Арктикот, многумина му верувале. Но, штом станало возможно да се лета над оваа територија, се открило дека целата приказна била лага.

10. Пирамиди на Антарктикот

(10)10-te-najpoznati-lazhni-ekspedicii-i-otkritija-kafepauza.mk

Група неименувани луѓе неодамна тврделе дека пронашле пирамиди на Антарктикот, па дури имале и 3 фотографии како доказ. Откако се покажало дека фотографиите се монтирани, Винсент Фуентес од Шпанија ја обновил приказната со фотографии од пирамидите, но овој пат од Google Earth. Повеќето научници веруваат дека станува збор за куп од снег, мраз или обични планини.

Според Ерик Ригнот, професор по геологија, пирамидите најверојатно се планини. Луѓето кои веруваат во приказната тврдат дека планини во форма на пирамида се нешто невозможно, но Ригнот тврди дека со текот на времето може да ја добијат таа форма. Покрај ова, ниските температури и недостатокот од плодна почва значително ја намалуваат веројатноста дека некоја цивилизација преживеала овде.

Прочитајте и нешто повеќе за 10-те изгубени светови и цивилизации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар