10-те најплатени Инстаграм профили
6. Антоанет Кулас
Антоанет е една од најпознатите блогери во Австралија. Пред 3 години таа ги објавувала своите фотографии од забава, но денес нејзиниот Инстаграм профил има 1 милион следбеници. Блогерката има договори со врвни модни компании и се подготвува да објави своја модна линија.
7. Џули Сарињана
Џули започнала многу познат блог наречен Sincerely Jules, кој го читаат илјадници луѓе секој ден. На нејзиниот Инстаграм профил таа промовира дизајнерска облека и модни додатоци на своите 4,6 милиони следбеници. Секоја спонзорирана објава ѝ носи 150.000 долари.
8.Вики Одинткова
Вики од Санкт Петербург е топ модел од руската агенција Marvin Models. Нејзините провокативни фотографии привлекле многу внимание, па често можете да ја најдете на насловните страни на списанијата за возрасни. Вики рекламира облека, долна облека, продукти за слабеење и фитнес центри.
9. Амра Олевич
Амра е еден од најпознатите мејкап артисти на Инстаграм. Таа има 5,5 милиони следбеници. Студиото Анастасија има линија за веѓи на Амра, а таа се подготвува да објави и своја палета сенки.
10. Џесика Стејн
Профилот на Џесика ќе ве остави без зборови. Таа веќе има посетено 27 држави, а планира да ги посети сите. Таа ги забавува своите 2,7 милиони следбеници со неверојатни погледи од разни одморалишта и пишува кратки приказни за нејзините патувања.