10-те најголеми измами во историјата на човештвото - Part 2

10-те најголеми измами во историјата на човештвото

6. Нат Тејт

10-те најголеми измами во историјата на човештвото

Британскиот писател Вилијам Бојд е одговорен за најголемата измама од областа на уметноста и литературата. Во 1998-ма година тој објавил биографија со наслов „Нат Тејт: Американски артист 1928-1960“ (Nat Tate: An American Artist 1928-1960). Тој тврдел дека Нат е апстрактен експресионист кој живеел и работел во Њујорк во текот на 1950-тите. Но наводно Нат уништил 99% од неговите дела за само еден викенд и потоа се самоубил. Неговото тело никогаш не било пронајдено. Се разбира дека немало тело бидејќи Нат Тејт бил плод на фантазијата на Вилијам.

По издавањето на биографијата која била претставена како реална, лагата почнала да се одмотува. Животот на Нат Тејт не бил смислен само од Вилијам Бојл, туку книгата била напишана во соработка и со Националната галерија. Постојат теории кои го вклучуваат и Дејвид Боуви во измамата кој јавно ја читал книгата на Денот на шегата. Целта зад сето ова било разоткривањето на претенциозниот уметнички свет бидејќи многу професионалци тврделе дека се свесни за наследството на Нат. Уметничкиот свет сфатил дека е измамен откако еден читател му напишал писмо на The Independent со цел да ја разоткрие измамата.

7. Мери Тофт и зајаците

10-те најголеми измами во историјата на човештвото

Во 1726-та година започнале контракциите на 24-годишната Мери Тофт и таа ја повикала нејзината сосетка Мери Џил. Она што Џил не го очекувала е дека Мери ќе роди чудовиште, па веднаш истрчала кај сестрата на Мери. Таа ја информирала дека Мери родила нешто составено од животински делови. Наводно, семејството ги испратило деловите на Џон Хауард кој бил хирург со над 30 години искуство. По испитувањето, тој изјавил дека Мери родила 3 нозе од мачка и една нога од зајак. Скептичен од она што го видел, Хауард ја посетил Мери. Но бил изненаден кога таа родила зајак пред него. Мери станала славна личност, особено кога Хауард изјавил дека таа родила уште 8 зајаци во еден месец. Приказната била толку мистериозна што луѓето престанале да јадат зајачко месо.

Мери била однесена на испитувања против нејзината волја, а ја набљудувал дури и кралот Џорџ. Чудно, но тогаш Мери престанала да раѓа зајаци. На 4-ти декември бил фатен курир кој се обидувал да однесе зајак во собата на Мери, а се открило дека нејзиниот сопруг купувал многу зајаци од локалните продавачи. Конечно, таа признала дека целата приказна е лага и била затворена 5 месеци.

8. Момчето балон

10-те најголеми измами во историјата на човештвото

Надежните актери Ричард и Мајуми Хине се појавиле во реалното шоу „Менување сопруга“ (Wife Swap). Додека гостувале на шоуто, Ричард постојано кажувал за неговиот сон да лансира летачка чинија во бура. Но неговиот сон за поврзување со вонземјани станал најголемиот кошмар на неговото семејство. На 15-ти октомври 2009-та година тие се јавиле во полиција и изјавиле дека нивниот 6-годишен син, Фалкон, одлетал со балон полн со хелиум. Медиумите изјавиле дека Фалкон летал на височина од 2.100 метри, па си го заработил прекарот „Момчето балон“.

Но грижата била залудна бидејќи Фалкон се криел во таванот на нивниот дом, а Ричард изградил балон во форма на летачка чинија во дворот. Ричард заработил казна затвор од 90 дена и морал да плати 30.000 евра. Мајуми добила 20 дена задолжителна волонтерска работа. Семејството исто така добило забрана да заработува од измамата, како на пример, правејќи договор за книга.

9. Дневниците на Хитлер

10-те најголеми измами во историјата на човештвото

Германскиот весник Sten го издал првиот дел од невидените дневници на Адолф Хитлер во 1983-та година. Наводно тие платиле околу 4 милиони долари за сите 60 тома за кои верувале дека биле најдени во остатоци од срушен авион од 1945-та година. Знаејќи колку се важни овие документи, од весникот повикале експерти од Германија, САД и Франција со цел да се потврди автентичноста.

Но луѓето биле скептични, и тоа со добра причина. Се открило дека ракописот бил копиран со модерни пенкала. Биле направени дополнителни тестови за да се докаже дека документите навистина се лажни. Оваа измама присилила неколку уредници да ги напуштат работните места.

10. Хоророт Амитивил

10-те најголеми измами во историјата на човештвото

Во 1974-та година Роналд Дефео Џуниор ги застрелал и ги убил 6-те членови на неговото семејство во нивната огромна куќа во селото Амитивил. Во 1975-та година бил осуден за убиство од втор степен. Истата година, Џорџ и Кејти Луц, заедно со нивните 3 деца се преселиле во куќата. Семејството тврдело дека во куќата биле нападнати од демонски дух и ја напуштиле по 28-дневен хорор.

Истражувачите, се разбира, биле скептични за тврдењето на семејството. Лагата излегла на виделина дури години подоцна. Адвокатот на Дефео признал дека соработувал со семејството Луц и заработиле доста пари од измамата што ја смислиле. Исто така тој соработувал со Џеј Ансон кој е автор, а приказната била претворена и во хит филмот „Хоророт Амитивил“ (The Amityville Horror).

Погледнете и кои луди теории на заговор сепак биле вистина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар