10 совети што ќе го спасат вашиот мобилен телефон доколку се потопи во вода
Понекогаш се потребни само неколку капки вода или пак, самата зголемена влажност на воздухот за да му предизвикаат проблем на вашиот мобилен телефон. Секако, најдобра опција е да го однесете на сервис, но што би требало да направите ако треба веднаш да реагирате? Погледнете ги следниве 10 трикови кои ќе ви помогнат да го „оживеете“ вашиот мобилен телефон доколку тој се потопи во вода.
1. Извадете го што е можно побрзо од водата и исклучете го. Таа продира во деловите на телефонот за само неколку секунди. Значи, немојте да го вклучувате сè додека не сте целосно сигурни дека телефонот е сув. Освен тоа, водата во телефонот може да предизвика и краток спој.
2. Штом ќе го извадите од вода, тргнете ги и заштитниот капак и батеријата. Ова ќе помогне да го намали ризикот за уништување на внатрешното струјно коло. Внимателно избришете го телефонот и неговата внатрешност со хартиена или мека крпа.
3. Извадете ја сим картичката. Избришете ја со сува крпа и оставете ја да се суши сè додека и телефонот не биде целосно спремен за употреба.
4. Исклучете ги и отстранете ги сите надворешни уреди. Тука спаѓаат слушалките, мемориската картичка и сите останати направи што можат да ги покријат дупките и пукнатините во телефонот (како што се маската и заштитната фолија).
5. Доколку имате правосмукалка при рака, искористете ја за да ја вовлечете и исушите водата од телефонот. За да се ослободите од преостанатата влага, оставете воздухот од правосмукалката да ја исуши секоја страна од телефонот по 20 минути. Немојте да заборавите да го вртите телефонот и немојте да ја држите правосмукалката премногу блиску до него, бидејќи статичкиот електрицитет може да предизвика додатни проблеми.
6. Немојте да користите фен за коса за да го исушите телефонот, дури ни на најслаба брзина. Воздухот од фенот за коса само ќе ја турне водата подлабоко во уредот, што е посебно опасно за основните електрични компоненти на телефонот. Воедно, топлиот воздух може и да растопи одредени делови од него.
7. Можете да се обидете да го исушите телефонот така што ќе го ставите во сад со ориз, бидејќи тој ја впива влагата. На овој начин постои можност целата вода од телефонот да навлезе во оризот, односно, да за забави корозијата. Пред да го ставите уредот во оризот, отстранете го заштитниот капак и батеријата и сите заедно ставете ги во оризот. Оваа постапка трае најмалку 2-3 дена. Да, бавно, но ниту грижата нема да ви помогне. Додека телефонот се суши, одвреме-навреме менувајте ја положбата на оризот за да ја впие целата вода.
Наместо со ориз, можете да се послужите и со силициум диоксид – тоа е онаа мала вреќичка која обично се става во чевлите, чантите. Таа ја впива водата дури и подобро од оризот.
Ако мобилниот телефон се суши во вреќичка, тогаш проверувајте го на секои 6 часа. Доколку забележите дека се насобрала влага, извадете го од вреќичката и избришете го со сува крпа или вклучете ја правосмукалката, а потоа повторно ставете го во нова вреќичка со нов сув ориз или силициум диоксид.
8. Ставете го телефонот на сонце за сите отвори потполно да се исушат. Ставете го на хартиена крпа, а потоа на сончевата светлина.
9. По најмалку 24 часа, прегледајте го вашиот телефон и погрижете се да изгледа суво. Проверете ги сите дупчиња, делови и пукнатини. Ако уредот изгледа суво и чисто, можете да се обидете да ја ставите батеријата назад и да го вклучите. Обрнете посебно внимание на какви било чудни звуци кои може да се слушнат додека го вклучувате: Ако слушнете нешто, тоа е поради тоа што вашиот телефон е расипан.
10. Ако телефонот изгледа суво, а не се вклучува, тоа може да биде поради празната батерија. Приклучете го полначот, а потоа повторно вклучете го телефонот. Ако ниту полнењето не помогне, тогаш обратете се на службата за сервис. Немојте да се обидете да го сокриете фактот дека телефонот паднал во вода, бидејќи има индикатори кои ја покажуваат причината за расипувањето. Колку повеќе детали ќе им кажете на експертите, толку повеќе ќе им олесните да го поправат вашиот уред.
Препораки и предупредувања:
- Постојат посебни сетови што се продаваат во продавниците, направени посебно за „оживување“ на потопените мобилни телефони. Можеби би било добро да ги имате дома.
- Доколку вашиот телефон паднал во солена вода, веднаш избришете го со чиста вода за кристалите од солта да не се наталожат во батеријата.
- Не вшмукувајте го директно мокриот телефон, бидејќи може да ве „удри“ струја.
- Многу е важно мокриот телефон целосно да се исуши пред да го ставите да се полни и пред да го вклучите.
- Не дозволувајте вашиот телефон да поминува премногу време на топло место, бидејќи некои делови можат да се растопат. Немојте непотребно да ја загревате батеријата, бидејќи може да дојде до пукање или пак експлозија.
- Немојте да се обидувате сами да го расклопите телефонот. Оставете им го тоа на експертите.
seto toa go naprajv ama pak ne raboti telefono go ostajv 6 sati vo oriz