10 социјални и биолошки експерименти со навистина интересни резултати - Part 2

10 социјални и биолошки експерименти со навистина интересни резултати

6. Експлозија во Токио

Научниците со децении се обидуваат да создадат поголемо магнетно поле. Минатата година физичарите од Токио направиле заштитена соба во која се надевале дека ќе го направат најсилното контролирано магнетно поле во лабораториски услови. Овие полиња се мерат во тесли, а најсилната машина со магнетна резонанца може да создаде поле со 3 тесли. Целта на физичарите била да достигнат 700 тесли.

Нивната електромагнетна направа успеала да направи поле со јачина од неверојатни 1.200 тесли. Успеале да ги измерат, но целиот експеримент резултирал со експлозија. И покрај настаната штета, 1.200 тесли се чекор напред кон неограничена чиста енергија. На реакторите за нуклеарна фузија им е потребно магнетно поле од само 1.000 тесли за да се промени светската енергетска криза.

7. Мерењето ја создава реалноста

10 социјални и биолошки експерименти со навистина интересни резултати

Во 1978-ма година физичарите ја претставиле теоријата дека реалноста не постои сè додека не се измери. Во тој период ова звучело дури налудничаво, но во 2015-та година технологијата истапи за да го докаже тоа. Научниците од Австралија покажале дека квантниот свет го почитува овој закон.

Во експериментот, еден атом на хелиум бил испраќан преку ласерски бариери за да се открие дали ќе се однесува како честичка или како бран. Според логиката, неговата природа е одредена и самото мерење нема да го промени тоа. Но колку бизарно и да звучи, тестовите покажале дека атомот не можел да се одлучи дали сака да биде бран или честичка сè додека не „удрел“ во ласерите.

8. Убиениот робот

10 социјални и биолошки експерименти со навистина интересни резултати

Во 2015-та година беше создаден роботот hitchBOT. Неговата цел беше да пропатува што е можно подалеку со помош на автостоп. Цели четири недели, пријателски настроениот робот уживал во превозот од странци и го направил најдолгото патување од овој вид. Откако пропатувал над 10.000 километри во Канада и во неколку градови во Германија, роботот бил испратен во САД. Роботот бил дизајниран така што ќе се открие колку далеку ќе стигне благодарение на човечката добрина и како луѓето се однесуваат со роботите без надзор. Кога во САД тргнал кон Сан Франциско, роботот исчезнал. Неговото уништено тело било најдено во Филаделфија.

9. BrainNet

10 социјални и биолошки експерименти со навистина интересни резултати

Во 2018-та година научниците успеале да ги поврзат мозоците на тројца луѓе. Тие можеле да играат игра слична на „Тетрис“ само со споделување на нивните мисли. Оваа „мрежа“ била крстена BrainNET.

Испитаниците не ги читале буквално нивните мисли, туку комуницирале благодарение на електроенцефалограми (ЕЕГ) и транскранијална магнетна стимулација (ТМС). Двајца од испитаниците биле „испраќачи“ и носеле ЕЕГ електроди, а третиот бил „приемник“ и носел ТМС капа. Испраќачите играле еден против друг, но само приемникот можел да ги мрда коцките. Со стапка на успех од малку над 80%, научниците се надеваат дека ќе создадат социјална мрежа од поврзани мозоци, можеби дури и на Интернет.

10. Експериментот Милграм

10 социјални и биолошки експерименти со навистина интересни резултати

Стенли Милграм открил вознемирувачки дел од човечкиот ум. Во 1960-тите, овој социјален психолог тестирал колку далеку би отишле луѓето кога добиваат наредба од авторитет да му нанесат електричен удар на некој друг. Повеќето испитаници ги следеле наредбите.

Во 2017-та година истражувачите повторно сакале да откријат дали луѓето би ја замениле емпатијата со признание од авторитетна личност. Во полското истражување биле собрани 80 луѓе за „експеримент за меморија“. Нивната задача била да им задаваат електричен удар на луѓе кои не можете да запомнат асоцијации. Електричните удари биле лажни, а испитаниците не знаеле дека луѓето кои требало да помнат се актери.

Имало 10 рачки кои „нанесувале“ електричен удар со навистина висока волтажа. Испитаниците требало да ги повлекуваат рачките кога актерите правеле грешка, а авторитетна личност ги охрабрувала кога ударите станувале појаки. Важно е да се спомене дека испитаниците го слушале викањето на луѓето кои ги добивале електричните удари. Иако испитаниците 3 пати поретко користеле посилни удари кај жените, дури 90% од нив отишле до крај.

Знаете ли за овие вознемирувачки експерименти со деца?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар