10 следни можни чекори во еволуцијата на човекот - Part 2

10 следни можни чекори во еволуцијата на човекот

6. Репрограмирање на мозокот

(6)10-sledni-mozhni-chekori-vo-evolucijata-na-chovekot-kafepauza.mk

Технологијата веќе има влијание на начинот на кој функционира нашата меморија. Мозокот кој е машина што цели кон максимална ефикасност, обично памети каде е сместена информацијата, наместо самата информација. Многу е полесно да се сетите каде сте ставиле некоја книга, наместо на нејзината содржина. Во ерата на Интернетот, оваа ментална способност станува многу важна. Колку пати наместо да се обидувате да се сетите за нешто, сте го побарале истото на Интернет? Ова е способноста на вашиот мозок да знае каде нешто е сместено – на Интернет, на Гугл, на Википедија… Како што напредува технологијата, така и нашиот мозок ќе се адаптира за да ја зголеми својата ефикасност.

7. Помали заби

(7)10-sledni-mozhni-chekori-vo-evolucijata-na-chovekot-kafepauza.mk

Најочигледната промена кај вилицата ќе биде исчезнување на умниците. Тие не им се од корист на модерните луѓе и веќе сè поретко се појавуваат. Покрај ова, можеме да очекуваме и помали заби. Низ еволуцијата на човекот, забележано е намалувањето на забите. Бидејќи немало потреба од голема вилица, и таа се намалила.

8. Помалку прсти на нозете

(8)10-sledni-mozhni-chekori-vo-evolucijata-na-chovekot-kafepauza.mk

Пред луѓето да одат исправено, тие ги користеле своите стапала за фаќање, слично како дланките. Како што сме почнале повеќе да одиме, а помалку да се качуваме, нашите стапала се намалиле. Додека палецот на ногата ни помага да држиме рамнотежа, малите прсти немаат никаква улога и луѓето би можеле да живеат и без нив. Па можно е луѓето да еволуираат во вид со 4 прсти на нозете.

9. Поголем/помал череп

(9)10-sledni-mozhni-chekori-vo-evolucijata-na-chovekot-kafepauza.mk

Повеќето научници сметаат дека е речиси невозможно луѓето да еволуираат со поголеми глави. Причината за ова е тоа што главите на бебињата се веќе многу големи, па ако се зголемат уште повеќе, раѓањето ќе биде невозможно. Големата глава на бебето може да ја повреди, па дури и да ја убие мајката. Сепак, со ова се игнорира фактот дека царскиот рез станува сè почест, а многумина веруваат дека ќе стане многу побезбеден отколку природното породување. Но, и ова би можело да биде опасно. Ако луѓето со големи глави ја изгубат способноста да изведат царски рез, можеме да очекуваме истребување на видот.

10. Самоподобрување

(10)10-sledni-mozhni-chekori-vo-evolucijata-na-chovekot-kafepauza.mk

Луѓето ќе стигнат до степен на „присилна“ еволуција со помош на технологија. Без разлика дали ќе биде буквално самоподобрување со вештачки органи или пак преку селекција на гени, ова е чекорот во еволуцијата кој се очекува во блиска иднина. Ако е дозволено, селекцијата на гени може да доведе до бум наречен „дизајнирани бебиња“ каде што ќе бидат отстранети сите дефекти и несакани карактеристики. Ако ова стане тренд, многу негативни карактеристики кај луѓето ќе исчезнат засекогаш.

Погледнете и некои од доказите дека луѓето еволуираат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар