10 ситуации во кои мемињата им предизвикале неволја на луѓето - Part 2

10 ситуации во кои мемињата им предизвикале неволја на луѓето

6. Жена извршила самоубиство поради меме

10 ситуации во кои мемињата им предизвикале неволја на луѓето

Во 2016-та година, 31-годишната Тизиана Кантоне извршила самоубиство откако сцена од нејзината секс снимка бил претворена во меме. На видеото биле Тизиана и нејзиното момче, а таа му го испратила видеото нему и на неколку пријатели на коишто им верува. Но, наскоро видеото завршило на Интернет. Дел од снимката, на кој јасно се гледало лицето на Тизиана, бил претворен во меме со натпис „Снимаш? Добро“, нешто што таа го кажала на почетокот од видеото.

Видеото навистина се прославило, но ситуацијата станала уште полоша кога се открил нејзиниот идентитет. Таа се преселила и се обидела да си го промени името, а дури се обидела да тужи неколку веб-сајтови, вклучувајќи ги Фејсбук, Гугл и Јаху. Таа ја добила тужбата против Фејсбук, но морала да плати 20.000 евра за да ги покрие нивните легални трошоци. Ова само ѝ ја влошила депресијата, па Тизиана се самоубила една година откако излегло видеото.

7. Тинејџер уапсен за меме со Исус

10 ситуации во кои мемињата им предизвикале неволја на луѓето

Во јули 2017-та година, 19-годишниот Даниил Макин од Русија бил уапсен поради неколку мемиња што ги објавил на руски веб-сајт. Многу од мемињата имале религиозна тема, а некои биле и пародија на Исус. На едно меме биле прикажани три ангели со бонг со марихуана. На друго бил прикажан Џон Сноу од „Игра на тронови“ како Исус, со натпис „Џон Сноу воскресна! Навистина воскресна!“ Даниил бил обвинет за ширење омраза, а истовремено бил обележан и како терорист и екстремист. Ова значи дека не може да добие пристап до неговите банкарски сметки и дека никој нема да го вработи.

8. Кинески уметник уапсен за меме за Си Ѓинпинг

10 ситуации во кои мемињата им предизвикале неволја на луѓето

Кинеската влада не трпи шеги на сметка на нивниот претседател, па Кинезите кои се шегуваат за него не поминуваат лесно. Еден од нив е и Даи Ѓианјонг кој споделил меме во кое го поврзува кинескиот претседател со анус. Даи бил уапсен на 26-ти мај, 2015-та година.

На мемето бил прикажан Ѓинпинг со малку затворени очи и „собрано“ лице, а на текстот се наоѓал кинески сленг за зборот анус. Кинеската власт забележала дека на фотографијата му биле додадени и мустаќи на претседателот, кои според некои наликувале на оние на Хитлер.

9. Апсење за религиозно меме

10 ситуации во кои мемињата им предизвикале неволја на луѓето

Андреј Шашерин е уште еден Русин кој бил уапсен за правење мемиња со религиозна содржина. Во 2018-та година тој бил уапсен за споделување 36 слики кои ја навредувале Руската православна црква. На едно од мемињата се наоѓа патријархот Кирил, главата на Руската православна црва, а зад него стои Исус. Исус го прашува дали има време, а Кирил му вели „Исус, е** се“. Мемето всушност е пародија на оригиналната фотографија на која патријархот носи часовник од 30.000 евра.

Андреј може да добие 5-годишна казна затвор за говор на омраза и уште една година за навредување религија. И тој бил прогласен за терорист и екстремист.

10. Полициски началник обвинет за расизам

10 ситуации во кои мемињата им предизвикале неволја на луѓето

Во 2018-та година, Даниел Контос, началникот на полицијата во Висконсин, се нашол во тесно откако објавил меме од неофицијалната Фејсбук страница на полицијата. Мемето било шега за полицајците кои ги спелувале едноставните имиња, но не го правеле тоа за потешките кога се јавувале на диспечерите. Проблемот бил што „потешкото“ име на мемето било Тавениква, име што е често помеѓу Афро-американците. Даниел тврдел дека не е расист и дека името е употребено бидејќи е тешко за спелување, што била и целта на мемето. Тој додал и дека бил малтретиран и одбил да се извини. Подоцна мемето било отстрането.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар