10 шокантни терапии за лекување кои биле користени на ЛГБТ заедницата - Part 2

10 шокантни терапии за лекување кои биле користени на ЛГБТ заедницата

6. Терапија со конверзија

(6)10-shokirachki-terapii-za-lekuvanje-koi-bile-koristeni-za-lgbt-zaednicata-kafepauza.mk

Повеќето луѓе кои лекуваат со овој третман сакаат да го нарекуваат психоанализа наместо терапија со конверзија. Сепак мнозинството научници и владини организации сметаат дека овие третмани се опасни. Тие може да се поврзат со Елизабет Моберли и Џозеф Николоси. Според Николоси, хомосексуалната е резултат на недостаток од полов идентитет. Со психоанализа тој се обидел да ги замени хомосексуалните желби со хетеросексуални. Самиот третман вклучувал сурови психолошки методи и бил забранет.

7. Визуализација

(7)10-shokirachki-terapii-za-lekuvanje-koi-bile-koristeni-za-lgbt-zaednicata-kafepauza.mk

Поимот визуализација можеби и не звучи толку ужасно. Сигурно мислите дека станува збор за метод каде што „пациентите“ замислуваат дека се хетеросексуалци. Но, вистината е поинаква. Во 2011 година, еден студен од Институтот за технологија во Масачусетс, Семјуел Бринтон, бил сведок на овој ужас. Неговите родители биле многу религиозни, па кога дознале дека нивниот син е геј (тогаш тој имал 12 години) веднаш го затвориле во болница. Во првите неколку сеанси терапевтот се обидувал да му го испере мозокот на Бринтон. Му велел: „Сакам да знаеш дека си геј, а сите геј луѓе имаат СИДА.“ Потоа му кажал дека владата ги убила сите геј личност, а останал само тој. Притоа на Бринтон му биле покажувани и фотографии од луѓе кои умирале од СИДА. Ова имало влијание на неговото ментално здравје, и тој дури пробал и да си го одземе животот неколку пати после сеансите. За среќа, денес вели дека неговиот живот е совршен.

8. Лоботомија

(8)10-shokirachki-terapii-za-lekuvanje-koi-bile-koristeni-za-lgbt-zaednicata-kafepauza.mk

Лоботомијата е процедура при која се прави засек во префронталниот лобус на мозокот. Целта на лоботомијата била да се намалат ефектите на менталното заболување на личноста, па тој се користел и за ЛГБТ заедницата. Овој медицински варваризам траел до 1981 година.

9. Духовен пристап

(9)10-shokirachki-terapii-za-lekuvanje-koi-bile-koristeni-za-lgbt-zaednicata-kafepauza.mk

Да се биде дел од ЛГБТ е големо „НЕ“ за многу религии. Многу религиозни луѓе бараат религиска интервенција кога ќе разберат дека нивното дете е геј, а ова е сериозно перење на мозокот. Некои од овие луѓе веруваат дека хомосексуалноста е предизвикана од Сатаната. Во поекстремни случаи, хомосексуалците биле затворани во соби и принудувани да се молат со часови. Овој метод е најчест во Русија. Многупати се случува и тие да се држат под света вода додека свештеникот рецитира молитви. Понекогаш се и тепани. Ова ги крши и умот и телото на една личност.

10. Објективизирање на жените

(10)10-shokirachki-terapii-za-lekuvanje-koi-bile-koristeni-za-lgbt-zaednicata-kafepauza.mk

Иако е злобно, речиси секој маж го има направено ова, а некои терапии се фокусираат токму на оваа појава. Терапевтите ги охрабруваат своите пациенти отворено да ги објективизираат жените со цел да предизвикаат привлечност кон жени наместо кон мажи. Рускиот психотерапевт Јан Голанд отворено зборува дека го користел овој метод. Тој им покажувал весници и филмови за возрасни на пациентите и ги охрабрувал отворено да ги објективизираат жените. Дури им предлагал да го прават тоа и на улица.

Денес постојат уште дискриминации помеѓу луѓето, а ова се само некои од нив против кои мораме да продолжиме да се бориме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар