10 семејства што најверојатно го контролираат светот - Part 2

10 семејства што најверојатно го контролираат светот

6. Валтон

10 семејства што најверојатно го контролираат светот

Во 1962-ра година, Сем Валтон ја отвори првата Волмарт продавница. Со овој подвиг, тој се направил еден од најбогати луѓе ширум светот. Со текот на времето, Волмарт стана најголемиот синџир на продавници во САД. По смртта на Сем, компанијата е под контрола на неговата сопруга и четирите деца. Покрај продавниците, семејство ја контролира банката Арвест, има колекција уметнички дела и имаат фамилијарен фонд за добротворни цели.

7. Куќата Виндзор

10 семејства што најверојатно го контролираат светот

Куќата Виндзор е кралското семејство од Велика Британија. Моментално глава на семејството е кралицата Елизабета II. Таа е поглавар на црквата и главен командант на војската на Велика Британија. Покрај Британија, Елизабета е монарх и на 15 независни држави. Секој би завидел на рејтингот на кралицата, и нема ништо изненадувачко во тоа. Сите членови на семејството покажуваат скромност, служат во војската и се занимаваат со добротворна работа.

8. Мердок

10 семејства што најверојатно го контролираат светот

Семејството Мердок започнало да ја гради својата империја во Австралија. Кит Мердок бил политички новинар во еден од весниците во Мелбурн. Кога станал уредник, ја зголемил продажбата на весниците и наскоро станал директор. Неговиот син Руперт, исто така бил новинар.

Семејството во еден момент имало контрола над сите водечки медиуми во Австралија. Денес тие се сопственици на 20th Century Fox, Fox News, MySpace и Dow Jones.

9. Опенхајмер

10 семејства што најверојатно го контролираат светот

Семејството Опенхајмер е сопственик на поголемиот дел од залихата на злато. Ернест Опенхајмер е првата личност од кланот. Тој се преселил во Кимберли, Јужна Африка каде што станал градоначалник, а потоа застанал на чело на една од компаниите за дијаманти. Наскоро направил монопол од пазарот за дијаманти. Денес со оваа империја владее неговиот внук, Ники Опенхајмер. Семејството произведува и продава не само дијаманти, туку и злато, железо, платина и индустриски материјали.

10. Прицкер

10 семејства што најверојатно го контролираат светот

Ова семејство еврејски имигранти се преселило од Киев во Чикаго во 1881-ва година. Денес семејството е сопственик на корпорацијата Hayat. Ова е компанија што продава хотели и тури и моментално има 777 хотели во 54 држави.

Семејството има и награда за архитектура и живее во Чикаго. Овде имаат отворено училиште за архитектура, а и тие одредуваат како ќе изгледа градот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар