10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети - Part 2

10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

6. Жени со панталони

10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

Во 1800-тите полицијата во Париз изјавила дека жените треба да побараат дозвола од нив пред да облечат машка облека. Им било дозволено да носат панталони само ако јаваат коњ. Во 1909-та година законот бил изменет и жените што возеле велосипед можеле да носат панталони, но морало постојано да се држат до велосипедот. Имало неколку неуспешни обиди да се тргне забраната и тоа било направено дури на 31-ви јануари 2013-та година.

7. Жени што имаат кредитни картички

10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

На жените во САД не им било забрането да имаат кредитни картички, барем не официјално. Сепак често се соочувале со дискриминација и им било потешко да допрат до нив. Жените во брак морале да имаат потпис од сопругот на апликацијата пред да добијат картичка. Вдовиците и сингл жените морале да најдат маж што ќе им се потпише. Жените морале да кажат и колку деца имаат пред да добијат кредитна картичка. Дискриминацијата траела до 1974-та година.

8. Кафетерии

10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

Во 1675-та година, кралот Чарлс II од Англија ги забранил кафетериите. Всушност тој забранил секаква продажба на кафе, чоколадо, чај и шербет. Забраната немала никаква врска со кафето. Кралот бил загрижен дека луѓето можат да планираат бунт во кафетериите. Во тој период Лондон имал околу 3.000 кафетерии каде што се собирале луѓето. Сепак, забраната никогаш не стапила на сила.

9. Костими за капење

10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

Костимите за капење предизвикале морална паника на почетокот на 20-тиот век. Пред 1900-тите, костимите за капење биле изработувани од волна и го покривале целото тело. Нештата се промениле во 20-тиот век кога костимите станале потесни и без ракави. Поради забраната, неколку жени биле уапсени бидејќи носеле прекратки костими за капење, и тоа во познати градови како Чикаго и Њујорк.

Во 1919-та година Њујорк вработил 20 посебни полицајки кои патролирале на плажата и проверувале дали жените ги почитуваат правилата. Нештата се промениле во 1930-тите кога властите почнале да ги толерираат жените со пократки костими за капење.

10. Бикини

10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

И бикинито предизвикало паника кога прв пат се појавило во 1946-та година. Тоа било забрането во Франција, Шпанија, Италија, Португалија, Австралија и некои делови од САД. Некој период бикинито не можело да се појавува ни во холивудските филмови.

Во 1953-та година Педро Зарагоза, градоначалникот на Бенидорм, им дозволил на луѓето да носат бикини на градските плажи, иако било забрането во цела Шпанија. Целта му била да го претвори градот во туристичка дестинација. По некое време и неколку апсења, бикинито станало легално во Шпанија.

Погледнете и кои секојдневни работи се забранети во училиштата ширум светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар