10 различни типови луѓе кои ќе ги сретнете на секоја домашна слава - Part 2

10 различни типови луѓе кои ќе ги сретнете на секоја домашна слава

6. Разочараната сопруга

Еден од најинтересните феномени на домашната слава! Иако од година во година е изложена на ова случување, разочараната сопруга и понатаму очекува културен склоп, на кое ќе пие алкохолен пијалак и ќе дискутира за научни теории. Таа е единствената што верува во ова, до таа мера што секојпат го убедува својот сопруг да облече костим, а за себе го избира најубавиот фустан. Секогаш доаѓа точно на време, прашува дали треба нешто да помогне, а потоа со задоволство се сместува, веднаш до својот љубен. Како одминува вечерта, а нејзиниот сопруг ги испразнува чашите, така нејзините веѓи сè повеќе се доближуваат.

Опасен знак. Дарко, избраникот на нејзиното срце, влегува во расправија со позиционерот и опозиционерот, а се дофрла и одамна изгубениот роднина. Е, не може така! Не нејзиниот сопруг! Дотогаш грижливиот и благ глас, кој точно знае кога да дофрли некоја шега, сега станува смртоносно оружје. Како што атмосферата на трпезата се вжештува, таа сè пожестоко започнува да ги прашува останатите гости: „Дали некој сака салата?“, „Може ли уште една порција супа? Божествена е!“, „О, па како ја подготвивте оваа риба? Мене никогаш не ми излегува вака!“ Иако херојски, нејзините и обидите на миротворецот, честопати завршуваат со овој повик – „Дарко, веднаш да престанеш! Си одиме дома!“

7. Тинејџерот што се досадува

Зошто животот знае да биде толку суров? Од сите луѓе на оваа планета тој мораше да ги добие баш овие родители. Од сите негови другари, само него го натерале да дојде на оваа домашна слава. А, можеше убаво да остане дома и да сурфа на Интернет. Сега венее овде и ги слуша постарите како разговараат. Барем престанале да го прашуваат дали има момче, девојка и преодна оценка по математика. Нема ниту едно. А, како ова да не е доволно лошо, па го натерале да јаде желе, а тој мрази желе! Ако разочараната сопруга повторно му стави нешто без прашање во неговата чинија, тој ќе си замине дома. Уште само да ги натера родителите, за кои мисли дека го срамотат.

8. Кум

Кумот. Камен темелник на секој домаќин! Важна забелешка – под никаква околност не смеете да му се обратите со „Куме“, туку исклучиво со „Кууууумеее“. Внимавајте, акцентот е на „у“, „м“ и „е“. А, можеби и на „к“. Пожелно е, од љубов, овој збор да се повторува што е можно почесто. Особено без никаква посебна причина. Исцрпени се сите теми.

Гостите конечно јадат во тишина. Домаќинот му приоѓа на кумот од зад грб, го гали по рамената и извикува на цел глас: „Куууммммеее! Па, каде си ти, како си?“ Потоа кумот ќе му нагласи дека веќе му одговорил на овие прашања, барем 10-тина пати, а потоа двајцата ќе се насмеат, ќе наздрават и пред сите ќе изјават дека се познаваат со години и дека такви гиганти помеѓу луѓето повеќе не постојат.

9. Вечниот шегаџија

Од моментот кога влегол, па до моментот кога ќе одлучи да замине, вечниот шегаџија мора да биде во центарот на вниманието! Тој секогаш е повикан на сите домашни слави и има доста натрупан распоред. Вашиот настан му е веќе втора слава од планираните четири, па така тој мора да штеди. Не се грижи, бидејќи и онака не стигнува да јаде. Овој гостин е вистинска мала енциклопедија со приказни, вицеви, случувања и ласкави коментари. Единствена конкуренција на позиционерот и опозиционерот и вистински виновник за тоа што Дарко завршил под трпезата. Иако сите веќе ги знаат напамет неговите приказни од времето кога бил војник, не им смета да ги слушнат повторно.

10. Дупка без дно

Тој купил вино, ја честитал славата и се поздравил со сите. Толку од него. Следниот пат кога ќе го здогледате тоа ќе биде над големата порција месо. Готвачките го обожаваат. На секоја тура јадење, посветува посебно внимание и секогаш бара повеќе. Им се обраќа на луѓето на трпезата само за да им побара соларник, нож или парче леб. Што е до него, тој дошол овде за да јаде, а за сите останати воопшто не му е грижа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар