10 психолошки експерименти кои покажуваат колку лесно се лажат луѓето
6. Спонтани изрази на лицето и подреденост: Не е моја вина, ме натераа да го направам тоа
Опис на експериментот: Главната цел на Карни Лендис била да идентификува некаков шаблон за тоа како се изразуваат силните емоции преку мускулите на лицето. На испитаниците им биле нацртани линии на лицето за полесно да се следи движењето на мускулите. Нивната задача била да мирисаат амонијак, да гледаат ужасни слики, да допираат жаби, а на крај требало и да обезглават стаорец.
Резултат: Не биле пронајдени никакви шаблони, но апсолутното мнозинство се согласувало да прави сè што му било речено. Повеќето од овие работи не ги би ги направиле во нормалниот живот.
7. Рингелманов ефект: Само ќе те гледам како работиш
Опис на експериментот: Максимилијан Рингелман поставил хипотеза дека секој човек придонесува помалку ако работи со други луѓе. Биле спроведени многу разни експерименти (како подигнување тешки предмети) во повеќе групи со различен број луѓе, а биле запишувани само личните резултати.
Резултат: Личното достигнување на секој човек било поголем од групниот придонес. Научниците објасниле дека луѓето ја губат индивидуалната мотивација кога треба да работат во група.
8. Социјално олеснување и инхибиција: Гледај ме
Опис на експериментот: Психологот Норман Триплет забележал дека луѓето работат многу подобро кога некој ги гледа. За време на тестирањето со велосипедисти, се покажало дека присуството на незаинтересирани сведоци ја намалува ефикасноста на луѓето.
Резултат: Луѓето покажале подобар перформанс ако требале да прават нешто познато пред други. Од друга страна пак, ако требало да најдат решение на некој нов тежок проблем, нивниот перформанс бил многу полош.
9. Ефектот на Хортон: Шефот ме сака и го цени она што го правам
Опис на експериментот: Во компанијата Western Electric, ефикасноста на работниците значително опаднала. Психологот Елтон Мајо имал задача да открие дали светлото во собата имала влијание на ова. Но, за време на експериментот се покажало дека и подобрувањето на работине услови и влошувањето на истите имало позитивен ефект на работниците.
Резултат: Работниците сметале дека се вклучени во нешто важно. Тие сфатиле дека шефот се грижи за нив и почнале да работат подобро.
10. Стапало на вратата: Може ли да ми дадеш вода? Гладен сум. Немам каде да преноќам
Опис на експериментот: Психолозите Џонатан Фридмен и Скот Фрејзер направиле низа експерименти обидувајќи се откријат како реагираат луѓето кога од нив се бараат големи услуги.
Резултат: Ако луѓето ви побараат мала услуга и ви понудат нешто, поголеми се шансите дека ќе прифатите. На пример, само 46% од луѓето кои биле замолени да донираат пари за здружение против ракот се согласиле да го направат тоа. Но, кога на луѓето им бил понуден и беџ од здружението, тие се согласувале 2 пати почесто. Овој трик го користат продавачите и менаџерите.
Ако сакате да прочитате уште нешто, погледнете ги и најчудните психолошки експерименти.