10 приказни за училишта со духови кои стигнале до медиумите - Part 2

10 приказни за училишта со духови кои стигнале до медиумите

6. Средното училиште „Јанагава“

10 приказни за училишта со духови кои стигнале до медиумите

Во еден инцидент од 2014-та година кој настанал како резултат на масивна хистерија, 27 девојчиња изгубиле свест во училиште во Јапонија откако виделе злобен дух. Почнало со викањето на едно девојче кое наводно било парализирано и не можело да мрда. Потоа повеќе девојчиња почнале да се однесуваат исто. Лудилото продолжило неколку часа, а присутните сметале дека девојчињата се опседнати од дух.

Тие викале „Убиј ме“ и „Умри“ и евентуално вратите на училиштето биле затворени. Некои веруваат дека безглавата девојка која се „движела“ во близина опседнала едно од девојчињата додека биле на екскурзија. Девојчето го донело духот дома кој потоа ги опседнал и другите ученици.

7. Средното училиште „Кливленд“

10 приказни за училишта со духови кои стигнале до медиумите

Една жена направила фотографија од својот внук во училиште во Тексас. Откако добро ја погледнала фотографијата забележала двајца луѓе кои не биле таму кога фотографирала. Двојката наводно носи облека од 1970-тите. Исто така тие изгледаат проѕирно. Мажот носел панталони и темна блуза под светла јакна, а жената стоела за него. Нејзината облека не се гледа. Жената што ја направила фотографијата, Марсела Дејвис, изјавила дека не ги забележала луѓето сè додека нејзината ќерка не ѝ ги покажала.

8. Државното основно училиште во Тонк

10 приказни за училишта со духови кои стигнале до медиумите

Во 2014-та година, речиси 300 луѓе изведувале религиски церемонии во училиштето во Тонк, Индија, откако 3 деца изгубиле свест по забележувањето на дух. Изјавиле дека духот бил на младо девојче кое се обидело да ги турне. По инцидентот, 170 деца не оделе на училиште цела недела. За време на ритуалите, еден од селаните кој учествувал во нив бил опседнат од битието Теџаџи кое го предупредило редовно да изведува еден ритуал за да го заштити училиштето од зло.

9. Училиштето „Дирпарк“

Во 2017-та година, неколку месеци пред Ноќта на вештерките, ова училиште од Ирска многу се прослави. Камерите за обезбедување снимале тресење на шкафчињата, летање на хартија и трескање на врати без луѓе во близина. Заменикот директор ја изгледал снимката и му ја пратил на директорот Кевин Бери. Тој изјавил дека не му е јасно што гледа и дека ако е шега, таа е навистина добро изведена.

Пред појавата на видеото имало гласини за натприродна активност во училиштето, како многу ладни места и плачење низ ходниците. Еден месец подоцна, училиштето споделило уште едно видео (кое можете да го изгледате погоре). Заменикот директор изјавил дека не е можно да е монтажа бидејќи училиштето нема таква опрема.

10. Средното училиште „Ламбертвил“

10 приказни за училишта со духови кои стигнале до медиумите

Ова училиште од Њу Џерси е едно од најпознатите кога станува збор за натприродни феномени. Оттогаш зградата била срушена. Некои луѓе забележале злобни очи кои лебделе на спортските терени и слушале викање. Други го забележале духот на поранешен фудбалер кој си го скршил вратот и умрел за време на натпреварот. Поранешниот библиотекар Харол Дун тврдел дека се појавувале црвени очи навечер во полето.

Гласовите обично им викале на другите да бегаат. Исто така се појавувале и мистериозни пораки и слики на таблите во училниците. Училиштето постоело од 1854-та година и било рушено во 2012. Оригиналната зграда била уништена во оган во раните 1920-ти и постојат гласини дека загинале околу 150 ученици и неколку наставници.

Прочитајте ги и овие морничави приказни за опседнати куќи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар