10 приказни од животот на првите дами што докажуваат дека секоја жена има тајни - Part 2

10 приказни од животот на првите дами што докажуваат дека секоја жена има тајни

6. Хелен Тафт, САД

(6)10-prikazni-od-prvite-dami-koi-dokazhuvaat-deka-sekoj-ima-tajni-kafepauza.mk

Хелен била сопругата на претседателот Вилијам Тафт. Игнорирајќи ја забраната за продажба на алкохол, Хелена не само што не направила ништо за да ги спречи дилерите на алкохол, туку и присуствувала на забави каде што имало шампањ и пунч во изобилство.

7. Карла Бруни, Франција

(7)10-prikazni-od-prvite-dami-koi-dokazhuvaat-deka-sekoj-ima-tajni-kafepauza.mk

Карла Бруни е сопругата на 23-иот претседател на Франција, Никола Саркози. Нивната романса се развила многу брзо и свадбата била набрзо откако се запознале. Но, Карла признала дека повеќе сака полигамија отколку традиционален брак. Според нејзините интервјуа, првата дама уживала во вниманието од неколку обожаватели истовремено и нејзината љубов за одредена личност не траела подолго од 3 недели.

8. Рејчер Џексон, САД

(8)10-prikazni-od-prvite-dami-koi-dokazhuvaat-deka-sekoj-ima-tajni-kafepauza.mk

Рејчел била сопругата на 7-от претседател на САД, Ендру Џексон. Двојката била венчана во 1794 година. Шокантната вистина испливала на површина за време на претседателските избори: Излегло дека Ендру не е единствениот сопруг на Рејчел. Иако таа се омажила за Џексон, никогаш не се развела од нејзиниот прв сопруг.

9. Бернадет Ширак, Франција

(9)10-prikazni-od-prvite-dami-koi-dokazhuvaat-deka-sekoj-ima-tajni-kafepauza.mk

Сопруга на поранешниот француски претседател Жак Ширак, заслужува да биде наречена трпелива жена. Таа направила сè за да ги сокрие аферите на нејзиниот сопруг од јавноста. Таа долго се преправала дека ништо не се случува. Сепак, неодамна, овие семејни тајни конечно ѝ станаа достапни на јавноста.

10. Ранија Ал Абдула, Јордан

(10)10-prikazni-od-prvite-dami-koi-dokazhuvaat-deka-sekoj-ima-tajni-kafepauza.mk

Ранија е сопругата на Кралот Абдул Втори од Јордан. Таа секогаш изгледа прекрасно и се однесува според својот статус. Но, Ранија има една слабост која ретко се спомнува во медиумите: Таа обожава да носи златни чевли декорирани со скапоцени камења. Тежината на еден ваков пар е околу половина килограм, но на кралицата изгледа не ѝ пречи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар