10 причини зошто животот е поубав во помалите градови
5. Не мора секаде да одите со вашиот автомобил
Малите градови се едноставно мали, па до многу посакувани дестинации можете да одите и пеш. Секако, за некаде ќе ви биде потребен и автомобилот, но за повеќето места можете слободно да се движите и без него.
4. Луѓето во малите градови ги почитуваат нивните традиции
Повеќето мали градови имаат свои традиции кои ги изведуваат и ги почитуваат со години. Можеби на некои кои доаѓаат однадвор тоа им изгледа чудно, но на овие луѓе ваквите традиции им се особено значајни.
3. Недела е навистина ден за одмор
Продавниците се затворени, луѓето одат во црква или се собираат со своето потесно и пошироко семејство. Исто така читаат книги, гледаат телевизија и се одмораат.
2. Сите се знаат едни со други
Иако ова понекогаш претставува меч со две острици, сепак, ако сте во некоја неволја добро е до себе да имате некого што го познавате. Ви се расипал автомобилот? Шансите да ви помогне вашиот сосед се поголеми!
1. Тука луѓето имаат големо чувство на припадност
Без разлика колку време сте излегле од вашиот роден град или пак колку луѓе се иселиле од него, секогаш е прекрасно кога ќе се вратите дома и ќе се потсетите на сите оние места и луѓе со кои сте израснале!
Кафе Пауза ми е на букмарк и е прво нешто што читам со моето кафе наутро… Интересни содржини секогаш, нови информации понекогаш… лично најчитани ми се постовите за кафе (нели дека си го сакам моето кафе во било која форма и боја :))) Интересен пост имаш за маливе градовиве, секоја чест ако е плод на лично искуство што си го имала додека си шетала по сад, пошто сток фотките се претежно од таму… Еве мој предлог за некој твој нареден пост – нека биде тоа статија за малите градови во мкд и не мора да наведеш 10 причини зошто животот е поубав во помалите градови, наведи 5… повеќе од доволно 😉
Останувам Ваша најверна читателка и понатаму…
П.С. некојпат содржината е поважна од лајкот.
wont you agree???