10 причини зошто можеби навистина постоеле напредни древни цивилизации - Part 2

10 причини зошто можеби навистина постоеле напредни древни цивилизации

6. Преживеаните би се вратиле во камено време

10 причини зошто можеби навистина постоеле напредни древни цивилизации

Замислете си дека некои луѓе сепак ја преживеале апокалипсата. Што навистина би се случило со нив? Најверојатно нема да бараат никаква технологија. Штом ќе се исклучат сите системи, луѓето ќе бидат најзагрижени за преживувањето. Без помошта од модерната технологија, луѓето повторно ќе му се вратат на ловењето.

Сите преживеани ќе бидат зафатени со ловење или собирање храна, и градење или наоѓање какво било засолниште. Со текот на времето, поновите генерации ќе се поврзуваат со „стариот“ свет. До третата, или четвртата генерација, постојат шанси дека сè што се знаело за Земјата ќе се смета за мит или легенда. Со други зборови, човештвото повторно би почнало од нула.

7. Мистериозни древни предмети

10 причини зошто можеби навистина постоеле напредни древни цивилизации

Постојат многу древни предмети кои наводно датираат од пред нивно време. Уште почудно е што вакви предмети се најдени секаде ширум светот. Можеби најчуден ваков артефакт се чудните сфери најдени од рудари во Јужна Африка. На сферите се наоѓаат чудни линии кои очигледно имаат некаква смисла. Што значат и зошто се таму, сè уште не се знае.

8. Откритија на алатки

10 причини зошто можеби навистина постоеле напредни древни цивилизации

Покрај мистериозните предмети што немаат никаква намена, најдени се и многу корисни алатки од камен, кои според науката се стари по неколку милиони години.

Се издвојува еден ваков наод во Лондон, Тексас, во 1936-та година кога бил откриен чекан во парче камен за кој се верувало дека е стар дури 400 милиони години. Во 1944-та година, 10-годишниот Њутн Андерсон пронашол рачно изработено ѕвонче во парче јаглен. Парчето јаглен наводно било старо 300 милиони години. Има бројни вакви откритија кои навидум се многу постари отколку што би требало да бидат.

9. Напредна древна технологија

10 причини зошто можеби навистина постоеле напредни древни цивилизации

Поголемиот број историчари не се согласуваат со мислењето дека древните цивилизации, како Египет и Сумерија, имале напредна технологија. Но една од многуте причини за ова мислење е очигледното познавање на космосот на овие луѓе. Многу древни структури ја имитираат положбата на ѕвездите и планетите со невидена прецизност.

Некои од најчудните наоди се направите како батериите од Багдад и трагите од киселина во премините на пирамидата во Гиза кои покажуваат некакво генерирање електрична струја.

10. Историчарите се „кратковиди“

10 причини зошто можеби навистина постоеле напредни древни цивилизации

Причини за „кратковидоста“ на археолозите и историчарите има многу. Пред сè најголем проблем се финансирањата на истражувањата. Покрај тоа, никој не се осмелува да ризикува. Дури и оние професионалци кои ќе откријат нешто што не се согласува со воспоставената парадигма, се соочуваат со прекинување на финансирањето. Добар пример за ова е случајот со доктор Вирџинија Стин. Вирџинија открила урнатини во Мексико кои укажувале дека цивилизацијата во Америка е постара од 250.000 години. Се разбира, таа користела прифатени и тестирани методи за нејзиното истражување. Но, била негирана од јавно прифатените археолошки и научни друштва.

Дознајте нешто повеќе за најмистериозните нешта пронајдени на Земјата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар