10 предлози за патување во 2018 година
6. Волонтерско патување
Не мора да се чувствувате мизерно ако планирате патување на кое ќе работите. Сè зависи од она што ќе го работите. Распрашајте се во волонтерските организации и одете во засолниште за слонови во Тајланд, или пак предавајте некој јазик во далечна држава. Не само што ќе видите многу работи, туку ќе се чувствувате навистина добро бидејќи сте помогнале.
7. Посетете место кое може наскоро да исчезне
Многу места од целиот свет може да исчезнат во наредните 50 години. Од Коралниот гребен во Австралија до Националниот парк во Монтана, постојат неколку заштитени места кои се очекува да исчезнат. Ова е одличен изговор да почнете да ги посетувате овие места, а можете да се обидете и да се вклучите во нивно спасување.
8. Организирајте патување околу животинско засолниште
Ако ги сакате животните, испланирајте патување каде што ќе бидете опкружени со нив. Се разбира, важно е да одберете засолниште или организација што не ги повредува животните.
9. Одберете кујна и посетете ја таа држава
Дали сакате италијанска храна? Посетете ја Италија! Патувањето фокусирано на храна е одличен начин да ги намалите вашите опции, но е и навистина необичен начин да го истражите местото што ќе го посетите. Можете да си направите и листа на локална храна која ќе сакате да ја пробате таму.
10. Посетете клима спротивна на она што сте навикнати
Ако живеете на топло место, одете на скијање или во навистина студена држава. Ако живеете на студено место, посетете некои од топлите држави. Многу популарна дестинација денес е Исланд кој има неверојатни ледени брегови и фјордови кои го одземаат здивот.
Погледнете ги и овие забавни начини на патување и откривање нови места.