10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекорди - Part 2

10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекорди

6. Елен Деџенерис

10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекорди

Речиси и да не постои личност што не ја знае селфи фотографијата од Оскарите во 2014-та година. Оваа фотографија го собори рекордот и стана најсподелувана фотографија на Твитер – била споделена дури 3,3 милиони пати. Сепак, овој рекорд беше соборен минатата година од 16-годишно момче кое бараше доживотна бесплатна залиха на пилешки прсти. Неговата фотографија беше споделена 3,4 милиони пати.

7. Риџис Филбин

10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекорди

Познатиот водител од САД има поминато 15.188 часа пред телевизиска камера, рекорд кој го држи од 2004-та година. Во 2011-та сè уште го држеше рекордот со 16,746 часа пред камера. Ова значи дека во просек поминувал околу 1 час пред камерите во текот на неговата 50-годишна кариера.

8. Еминем

10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекорди

Во 2013-та година Еминем го сруши светскиот рекорд за најмногу зборови во хит сингл со неговата песна „Rap God“. Во 6 минути и 4 секунди раперот кажува 1.560 зборови, односно 4,28 зборови во секунда. Во најбрзиот дел од песната, бројот се искачува на 6,46 зборови во секунда.

9. Роберт Дауни Џуниор

10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекорди

Роберт Дауни Џуниор не го собори рекордот сам, но стана инспирација со неговата рекордна роденденска картичка. За неговиот роденден додека бил во Кина, тој добил картичка која имала 5.339 потписи од неговите фанови.

10. Мишел Обама

10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекорди

Сопругата на поранешниот претседател на САД го добила своето место во Гинисовата книга на рекорди во 2011-та година. Таа ѝ се придружила на група од 400 деца кои сакале да го соборат рекордот за најмногу луѓе кои скокаат. Во период од 24 часа, 300.265 луѓе од целиот свет скокале 1 минута со тоа соборувајќи го претходниот рекорд.

Прочитајте и кои се светските рекорди кои никој не сака да ги сруши.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар