10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот живот - Part 2

10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот живот

6. Ален Гинсберг бил член на Северно-американското здружение за љубење момчиња (NAMBLA)

10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот живот

Ален има посебно место во историјата. Неговата поема „Урлик“ (Howl) ја предизвика самата дефиниција на литературата. Но, речиси сите избегнуваат да го поврзат неговото име со NAMBLA.

NAMBLA е група која организира кампањи со цел да им се дозволи на мажите да имаат легално право на секс со млади момчиња, а Ален бил еден од најистакнатите членови. Тој инсистирал дека овде не станувало збор за педофилија и сметал дека е потребна реформа. Реформата што ја барал е уште поморничава. Тој сакал да се легализира и детската порнографија. Покрај тоа, тој тврдел дека не постои универзален консензус за согласност. Или со други зборови, сакал да каже „Од каде знаете дека 8-годишниците не сакаат?“

7. Езра Паунд бил фашист

10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот живот

Езра бил опседнат со Мусолини. Иако бил Американец, толку бил импресиониран од фашизмот во Италија што го молел Мусолини да се запознаат лично. Со тек на време, Мусолини се согласил. Кога започнала Втората светска војна, Езра преку радио кажувал дека Американците треба да им се тргнат од патот на фашистите. Отворено ја критикувал Америка бидејќи застанала против Третиот рајх, па дури изјавил дека Евреите се одговорни за секоја војна.

8. Фланери О’Конор била расист

10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот живот

Приказните на Фланери се навистина комплицирани, па во некои е тешко да одредите на чија страна била – дали на луѓето кои се бореле за еднакви права или на страната на расистите. Но, оние кои ја познавале го знаеле одговорот. Фланери сметала дека Движењето за граѓански права е смешно и постојано кажувала шеги за тоа. Еднаш еден пријател пуштил скакулец во нејзиниот дом и таа изјавила:

„Ме потсети на сиромашните обоени луѓе во затворот, па го пуштив надвор и ѝ го дадов на една патка.“

Но, Фланери не била само против граѓанските права. Таа ги мразела сите.

9. Џ. Д. Селинџер бил опседнат со тинејџерки

10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот живот

Џојс Мејнард, една од девојките на Селинџер, изјавила дека тој сакал малолетни девојки. И сигурно била во право бидејќи кога почнале да се гледаат таа имала 18, а тој 53 години. Друга жена по име Џин Милер тврдела дека почнала да се гледа со Селинџер кога имала само 14 години. За среќа, тој чекал таа да наполни 18 години пред да спие со неа, но потоа ја напуштил. Според Џојс, неговото заведување било со зборови и идеи, а не со водење љубов. Па на некој начин не кршел никакви закони, но поминувал години заведувајќи млади девојки и кажувајќи им дека ги сака.

10. Норман Мејлер ја избодел жена му со џебен нож

10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот живот

Во 1960-тите Норман Мејлер започнал кампања за претседател на Њујорк. Бил сериозен, но сите планови му пропаднале во вода кога ја избодел неговата сопруга.

Тој организирал забава во чест на кампањата која не одела по неговиот план. Фрустриран и пијан, почнал да ги предизвикува гостите на тепачка. Евентуално, на неговата сопруга ѝ било доволно од сцената, па му се спротивставила. Мејлер тогаш зел џебен нож и ѝ го забодел во градите за малку промашувајќи ѝ го срцето. Кога еден од гостите сакал да ѝ помогне, тој дури извикал да ја остават да умре.

Сепак на крајот, свеста допрела до него, се вратил и ја однел сопругата во болница. Чудно е што Мајлер се извлекол без никаква казна, па подоцна дури и се шегувал за инцидентот.

Погледнете и некои од книгите кои биле забранети од смешни причини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар